Home » Во фокусот » Новото пакување на Карлсберг со помалку пластична амбалажа и еколошки поприфатливо

Новото пакување на Карлсберг со помалку пластична амбалажа и еколошки поприфатливо

Според тврдењата на компанијата, оваа идеја може да ја намали количината на пластика што ја користат во пакувањата за 76% на годишно ниво

Данскиот производител на пиво Карлсберг, го претстави својот нов метод за пакување на популарните пакувања од шест лименки пиво, а која ја елиминира потребата од прекумерна пластична амбалажа. Новата метода ја нарекоа Snap Pack, а лименките со овој метод се држат заедно едноставно со лепило.

Идејата ги заменува пластичните прстени кои вообичаено ги држат лименките за пиво, а според тврдењата на компанијата, оваа идеја може да ја намали количината на пластика која се користи во повеќе пакувања за 76% на годишно ниво. Тоа е еквивалентно на 1200 тони пластика годишно, односно на 60 милиони пластични кеси.

Идејата, која најпрво ќе се користи на лименките на основниот бренд Карлсберг, е развиена веќе три години и дел е од низата чекори на кои компанијата се одлучи со цел да го направи својот бизнис еколошки поприфатлив. Дел од овој напор, е исто така и промената на мастилото што се користи на етикетите на шишињата, со цел да се подобри можноста за рециклирање и премазот кој овозможува повратните шишиња да бидат поиздржливи – со што се намалува нивното влијание врз животната средина. Сето ова е дел од програмата за одржливост “Together Towards ZERO“, со која овај бренд има намера да ја исполни амбициозната цел на нулта емисија на јаглерод и отпад.

Како дел од овие напори, Карлсберг влезе во стратешко партнерство со данската група за заштита на животната средина, Plastic Change, а исто така има и долгогодишна соработка со WWF за одржливи прашања.

Карлсберг го означи лансирањето на Snap Pack пакувањата со креација на познатата скулптура на Малата сирена од Копенхаген, овој пат направена од Snap Pack лименки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365