Home » Во фокусот » Објавен WARC Media 100 – Кои се најкреативните и најиновативните од светот на медиумите за 2018 година?

Објавен WARC Media 100 – Кои се најкреативните и најиновативните од светот на медиумите за 2018 година?

Во извештајот WARC Media 100, MediaCom ја зазеде првата позиција на листата на мрежи, WPP е топ холдинг компанија, Gillete е #1 бренд, а топ огласувач е P&G

WARC ги објави резултатите од извештајот WARC Media 100, независно годишно рангирање на најнаградуваните светски кампањи и компании кога се во прашање креативноста и иновативноста во користењето на медиумите.

Овај извештај е наследник на извештајот Gunn Media 100, а составен е од следење на резултатите на кампањите, брендовите и агенциите на најважните огласувачки медиски натпревари ширум светот.

Кампањата за дезодорансот Gillette, “I Don’t Roll On Shabbos, на агенцијата MediaCom Connections од Тел Авив е најнаградуваната кампања за 2018 година.  Користејќи мултимедијален пристап, библиски текстови и битка со синагогите со цел привлекување на ортодоксната еврејска заедница во Израел, популарноста на Gillette меѓу оваа популација порасна од 3% на 15%, а свесноста за брендот се зголеми од 15% на 55%.

Успехот на најдобро рангираната кампања на Gillettе придонесе за влез на MediaCom Connections од Тел Авив во топ 50 агенции за прв пат и тоа директно на прво место. Имено, агенцијата беше одговорна за наградуваните кампањи на брендовите Gillette, Pantene, Always и Fairy во Израел, со победи на неколку фестивали.

MediaCom ја задржа својата позиција на врвот на листата на медиумски мрежи, со неколку агенции во првите десет. Вкупно 16 кампањи на MediaCom се рангирани меѓу првите 100, вклучувајќи и три во првите десет.

Првите три позиции на табелата на холдинг компании остануваат непроменети од минатата година. WPP продолжува да го зазема првото место, значително пред Omnicom во второто и Interpublic Group на трето место.

Gillette скокна од деветта на прва позиција во топ брендови, со две кампањи во првите десет, додека на листата на топ огласувачи првото и второто место од минатата година го заменаа местото, па Procter & Gamble се најде на врвот на ранг листата со пет брендови во топ 100 и вкупно десет во целосниот пласман. Следи Unilever на второто место со четири брендови во првите 100 и помали победи за уште 18 брендови во целосниот пласман.

Првите три земји остануваат непроменети во однос на претходните две години. САД се наоѓаат на врвот на скалата, по што следат Велика Британија и Австралија.

Целосните листи на медиумска креативност и иновативност, меѓу кои се топ 100 кампањи, топ 50 агенции, мрежи, брендови, огласувачи, земји и холдинг-компании, може да ги пронајдете тука.

Топ кампањи, агенции, мрежи, брендови и земји во извештајот на WARC Media 100 се:

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365