Home » Во фокусот » Објавени резултатите од истражувањето за состојбата на ПР професијата во Хрватска

Објавени резултатите од истражувањето за состојбата на ПР професијата во Хрватска

Истражувањето кое ХУОЈ (Хрватско здружение за односи со јавноста) го спроведе меѓу домашните комуникациски стручњаци во декември 2013г., во соработка со агенцијата за истражување ИПСОС Плус, покажува дека во 2014 година ПР професионалците очекуваат стабилизација на пазарот на односи со јавност.

истражување на ХУОЈ

Дури 70% од стручњаците за односи со јавност кои учествувале во истражувањето очекуваат дека во 2014 година ќе располагаат со исти комуникациски буџети како и во 2013 година, а само 17% очекуваат пад. Сличен, али сепак малце помалку оптимистичен тренд се приметува кај проценката за бројот на вработени како професионалци за ПР, каде 58% сметаат дека нема да има промена на бројот на вработени во нивната организација а 28% очекуваат намалување на бројот на вработени.

Градењето и оддржувањето на репутација на фелата е главен предизвик кој претстои за односите со јавност во наредниот период. Така размислуваат речиси половина од испитаниците (49%), кои заедно со јакнењето на угледот предизвик гледаат и во стратешкото планирање на комуникациите (47%), како и во се поголемата важност на дигиталното комуницирање и социјалните мрежи (39%).

Во однос на алатките и програмите за односи со јавност, односите со медиумите традиционално предничат како најзастапена активност со 79% од испитаниците. Следува стратешкото планирање (54%) па кризното (51%) односно дигиталното комуницирање (51%). Релативно високата застапеност на дигиталното комуницирање јасно укажува дека ПР стручњаците во добра мера го препознаа и “прибраа“ дигиталниот простор како неизоставен канал за комуникација.

Кога станува збор за актуелната состојба и развој на професијата, комуникациските стручњаци покажаа поделени мислења. Најголем дел од испитаниците (47%) сметаат дека професијата сепак напредува, 42% сметаат дека стагнира а 12% дека струката назадува.

Жените со 72% сеуште се големо мнозинство во однос на полот на вработени во ПР индустријата во Хрватска.

Повеќе од третина од испитаниците (37%) се вработени во јавниот сектор, па следат компаниите (26%) , а потоа агенциите (20%).

Истражувањето беше спроведено по пат на online анкета во декември 2013 година, со што беа опфатени 156 комуникациски стручњаци врабоени во компании, агенции за односи со јавноста, јавни претпријатија и јавните власти.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365