Home » Во фокусот » „Од Битола се може“ – битолски бизнисмени ги споделија своите искуства со младите

„Од Битола се може“ – битолски бизнисмени ги споделија своите искуства со младите

Инспирирачка енергија преку лични примери, поттик да се размислува проактично кон свој бизнис, опции да го примените своето знаење во компании кои го препознаваат истото се само неколку заклучоци од вчерашната динамична панел дискусија под наслов “Од Битола се може (и)” на која свои искуства за успешен бизнис презентираа пред присутните студенти 5 интересни претприемачи:

Михајло Димитриевски, Тхе Мичо – стрип цртач
Александар Поп Ристов, сопственик на Интерворкс (ИТ сектор)
Благоја Стојчевски Тесла, сопственик на Тримод тим (дизајн на продукти во електроника)
Ангела Христовска, сопственик на Ајкон медија (маркетинг сектор)
Јордан Стојановски, ИТ иноватор од областа на платформи и системи за безбедност на автоматски модели за трговија со меѓународно искуство.

Панелот беше интеракција помеѓу студентите и претставниците на бизнис секторот како претходница на можностите на младите луѓе за вработување. Она што е важно е дека со вчерашниот настан само се отвара можноста да се собираат идеи. Ако не бевте синоќа во Хотелот Бела куќа во Битола, ништо не е изгубено, слободно конципирајте идеја или понудете ги Вашите потенцијали преку CV деновиве до Преда плус Битола. Тие ќе ги форвардираат до потребните контакти можни идни вработувачи.

Ова е акцелераторска програма за старт ап програми во Пелагонискиот регион – проект координиран од ПРЕДА плус фондација и ФИКТ – факултет за информатички и комуникациски технологии при Универзитетот “Св. Климент Охридски” Битола. Проектот има за цел да поддржи и унапреди бизнис идеи на млади луѓе до 35 години од Пелагонискиот регион и е поддржан од Европската Унија.

ШТО ПРЕТСТАВУВА ОВАА ПРОГРАМА?
Акцелераторската програма е дизајнирана да поддржува стартапи во рана фаза, со цел да се поттикне развој на иновативни идеи во повеќе области. Во период од 6 месеци Универзитетскиот Акцлерератор ќе обезбеди тренинг, коучинг и менторски услуги за учесниците кои ќе се пријават на првиот повик за учество акцелераторската програма.

Аплицицирајте со иновативна идеја од било која област, а ние ќе обезбедиме:
• Поддршка за дефинирање на идејата во бизнис план
• Поддршка и градење на вештини за водење на бизнис
• Пристап до инвеститори
• Вмрежување

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА?
Сите заинтересирани невработени лица, студенти, дипломци до 35 години кои имаат некаква идеја, апликација или решение за одреден проблем.

Сите заинтересирани, најдоцна до 24 декември 2018 можат да аплицираат преку пополнување на следната он-лајн форма https://igormarijanalidija.typeform.com/to/p2wxXH

Повеќе информации може да добиете на ФБ страната на EMPLOYOUTH @employouthmk, на веб страната на Преда Плус www.predaplus.eu или на отворениот час “ASK ME ANYTING” од 12 до 13 часот во канцеларијата на ПРЕДА ПЛУС на улица Кузман Јосифовски 88/4, Битола секој ден од 17 до 23 Декември.

Извор: Иновативност.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365