Home » Во фокусот » Одлична кампања за последните преостанати автохтони култури во светот

Одлична кампања за последните преостанати автохтони култури во светот

„Blink. And they’re gone.”

Foto: Jimmy Nelson

Фотографот Џими Нелсон испраќа предупредување дека светот е во опасност од губење на глобалното културно наследство поради занемарување на културниот идентитет на последните автохтони народи на светот.

За таа цел покрена иницијатива за зачувување на културната разновидност со прилично вознемирувачка порака: “Трепнете. И тие ќе исчезнат”. Кампањата е предупредување дека доколку не се позанимаваме со автохтоните култури, тие ќе исчезнат засекогаш, а мајсторски е илустрирана преку заеднички напори на познатиот фотограф и агенциите JWT Индија и J. Walter Thompson Амстердам.

Првиот чекор на кампањата е краток филм направен со користење на повеќе од 1.500 никогаш претходно не објавени фотографии на Џими Нелсон на неговите патувања на најоддалечените делови од светот, а кои прикажуваат сцени од животот на последните автохтони заедница на планетата.

Foto: Jimmy Nelson

Фотографиите се избрани од повеќе од сто илјади слики кои Нелсон ги направи со домородните култури во изминатите 30 години. Уредувањето на спотот траел 90 дена, а содржи прекрасни слики од народот Хули од Папуа Нова Гвинеја, монголскиот народ Казак, народот Садус од Индија, Водабе од Чад и многу други.

Видеото е во режија на главниот креативен директор на JWT Индија, Сентил Кумар од Мумбаи, кој за продукцијата тесно соработувал со глобалниот креативен директор на J. Walter Thompson, Бас Корстен, со седиште во Амстердам.

Видеото е само почеток на една поширока кампања, која ќе се спроведува во 2019 година и во која Џими Нелсон и JWT ќе ја подигнат свеста за автохтоните култури и ќе ја поттикнат почитта за нивните уникатни традиции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365