Home » Најнови вести » Оглас за ангажирање на комуникациски експерт

Оглас за ангажирање на комуникациски експерт

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) распишува оглас за Комуникациски офицер со целосно работно време (40 часа неделно) за период од 6 (шест) месеци со можност за продолжување.

Заинтересираните кандидати треба да испратат своја кратка биографија (CV) на македонски јазик во ЕУ формат и мотивациско писмо на адресата: contact@idscs.org.mk, со наслов Апликација за повик бр. 0401-029/19 најдоцна до 17ти февруари (недела – 23:59ч.) 2019г.

Потребни знаења и вештини:

  • Завршени додипломски или постдипломски студии во областа новинарство, комуникации (корпоративни комуникации и односи со јавност; медиуми и комуникации), политички науки, или друга релевантна област. Работно искуство и дополнителни неформални обуки за комуникации ќе бидат земени предвид;
  • Најмалку 2 години работно искуство во медиум или граѓанска организација;
  • Пишана и усна новинарска комуникација, како и поседување напредни вештини во развивање текстови на македонски и англиски јазик;
  • Јавно говорење и настап пред камера;
  • Добро познавање на WordPress или други платформи за администрирање на содржина на веб-страници, како и познавање на MailChimp.
  • Управување со опрема и софтвер за фотографија и снимање;
  • Користење на социјални медиуми за професионални цели. Вештини од областа на дигитален маркетинг ќе се сметаат за предност;
  • Интерес за и познавање на политичкиот контекст и процеси особено од областите на делување на ИДСЦС: Собрание, Добро управување и ЕУ интеграции;
  • Напредно познавање на Microsoft Office. Вештини од софтвер за дизајн ќе се сметаат за предност;
  • Напредно познавање на англиски јазик.
  • Способност за истовремено управување со повеќе проекти.

За сите услови и работни обврски кои се предвидени за позицијата преземете го целосниот повик од ОВОЈ ЛИНК.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365