Низ текот на годините сме виделе различни верзии и лимитирани едиции на колачињата на Oreo, па дури и дизајн инспириран од Мики Маус. Овој пат, Oreo создаде колачиња инспирирани од Game of Thrones, во пресрет на последната сезона од најпопуларната телевизиска серија во светот.
Трудот што е внесен во дизајнирањето на различните колачињата е импресивен. Грбовите на различните семејствата како Ланистер, Таргеријан, Старк и претставите на „Белите Талкачи“ се изработени во најситни детали.
Брендот лансираше и одлично промотивно видео за кампањата во кое го рекреира популарниот најавен спот на Game of Thrones со помош на колачиња.