Кампањата “No Palm Oil“, која ја подигнува свеста за последиците од производството на палминото масло врз животната средина, е забранета на телевизија, но таа продолжи живее онлајн
Божиќната рекламна кампања на малопродажниот ланец “Iceland“, која стана вирална на социјалните мрежи откако беше забрането нејзиното прикажување на ТВ станиците, беше прогласена за “најмоќна божиќна реклама за 2018” од страна на Kantar Millward Brown.
Всушност “Гринпис” е оригиналниот творец на оваа реклама, а е пренаменета за рекламирање на “Iceland“ кој со ова сака да ја нагласи својата мисија за отстранување на палминото масло од производите што ги продаваат и сакаа да ја подигнат свеста за катастрофалните последици од уништувањето на шумите заради производство на палмино масло.
Главниот лик на видеото е мал орангутан, кој со својата едноставна порака многу силно и емотивно ги претставува последиците од производството на палмино масло. Рекламата, сепак, е забранета поради кршење на правилата за политичко рекламирање, бидејќи регулаторните власти тврдат дека Гринпис никогаш не докажа дека тие не се политички огласувач.
Од 22 брендови и малопродажни компании кои беа оценувани од страна на Millward Brown, потрошувачите ги освои оваа емотивна кампања и во нивните оценки го пофалија овај спот, бидејќи демонстрира “посветеност”, “љубов на брендот”, “задоволство”, “кредибилитет”, “релевантност” и “диференцијација“.
Кога станува збор за божиќните видеа оваа година, на листата се најдоа распеаните кутии на Амазон, М & S, Џон Луис со Елтон Џон и рекламата на компанијата Sainsbury.