Home » FMCG » Платинест медал за врвното црвено вино „Барово“ на Decanter во Лондон

Платинест медал за врвното црвено вино „Барово“ на Decanter во Лондон

Во конкуренција од над 17.000 вина од целиот свет

Врвното „тероар“ црвено вино „Барово“ на Винарската визба „Тиквеш“, од бербата 2015-та, е наградено со платинест медал на еден од најмасовните меѓународни вински натпревари – Decanter 2018, кој се одржува во Лондон, а на кој секоја година за престиж во винскиот свет се борат над 17.000 вина од најпознатите вински региони.

Платинест медал се доделува само на искучителните вина – добитници на златни медали, во специјална оценувачка сесија. Стручното жири на Decanter, составено од дури 250 вински експерти на „Барово“ годинава му додели 97 поени и плaтинест медал со што ова врвно македонско вино е издвоено од сите останати добитници на највисоки награди.

За одличниот впечаток што го оставија вината на „Тиквеш“ на годинешниот 15-ти светски вински натпревар Decanter, говори и податокот дека стручното жири на натпреварот им додели награди и на уште 12 вина на „Тиквеш“ кои учествуваа на натпреварот. Сребрени медали освоија двете црвени вина „Александрија куве“ и „Т’га за југ“ од бербата 2016-та, а бронзени медали им се доделени на шест вина, и тоа на: „Каберне франк“, „Вранец“ и „Плавец“ од серијата Special Selection, како и на: „Темјаника (класик)“, „Александрија (розе)“ и „Шардоне Оак Edition“. Дополнително, четири вина на „Тиквеш“ добија специјални пофалници.

Истовремено, вината на „Тиквеш“ освоија значајни награди и на eден од најголемите вински натпревари во нашиот регион – Balkan International Wine Competition (BIWC) 2018, што се одржува во главниот град на Бугарија, Софија. И на овој натпревар златен медал освои црвеното вино „Барово“ од бербата 2013-та, сребрени медали им се доделени на „Домен Лепово гранд куве 2015“, „Темјаника Special Selection 2015” и „Виоње Special Selection 2017”, а бронзен медал на виното „Т’га за југ 2016“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365