Како што вчера беше објавено на официјалната веб страна на Здружението за Односи со јавност на Македонија (ЗОЈМ), Управниот одбор на здружението подготви Предлог-етички кодекс којшто ги претставува клучните принципи и вредности на членовите и пошироко, во рамки на професијата односи со јавноста.
Во насока на вклучување на своите членови во процесот на подготвување на текстот, Предлог- етичкиот кодекс ќе биде ставен на јавна расправа до 15.02.2014 година.
Коментарите, предлозите и забелешките на членовите се добредојдени и може да се достават по електронска пошта на zojm@zojm.mk.
Истите ќе бидат разгледани и дискутирани на Собранието на Здружението кон крајот на февруари, кога треба и да се усвои финалниот текст на документот.
Како што велат од ЗОЈМ, принципите и вредностите наведени во Kодексот се основа на однесувањето и делувањето, како и во процесот на донесување одлуки. Тие ги воспоставуваат стандардите во практикувањето на односите со јавноста и се од витално значење за интегритетот на професијата и нивото на јавна доверба.
На линкот во продолжение можете да го погледнете Предлог-етичкиот кодекс на ЗОЈМ : http://marketing365.mk/wp-content/uploads/2014/01/Предлог-етички-кодекс-на-ЗОЈМ-Јануари-2014.docx