Home » Во фокусот » Предлог етичкиот кодекс на ЗОЈМ ставен на јавна расправа

Предлог етичкиот кодекс на ЗОЈМ ставен на јавна расправа

Како што вчера беше објавено на официјалната веб страна на Здружението за Односи со јавност на Македонија (ЗОЈМ), Управниот одбор на здружението подготви Предлог-етички кодекс којшто ги претставува клучните принципи и вредности на членовите и пошироко, во рамки на професијата односи со јавноста.

ЗОЈМ - Маркетинг365

Во насока на вклучување на своите членови во процесот на подготвување на текстот, Предлог- етичкиот кодекс ќе биде ставен на јавна расправа до 15.02.2014 година.

Коментарите, предлозите и забелешките на членовите се добредојдени и може да се достават по електронска пошта на zojm@zojm.mk.

Истите ќе бидат разгледани и дискутирани на Собранието на Здружението кон крајот на февруари, кога треба и да се усвои финалниот текст на документот.

Како што велат од ЗОЈМ, принципите и вредностите наведени во Kодексот се основа на однесувањето и делувањето, како и во процесот на донесување одлуки. Тие ги воспоставуваат стандардите во практикувањето на односите со јавноста и се од витално значење за интегритетот на професијата и нивото на јавна доверба.

На линкот во продолжение можете да го погледнете Предлог-етичкиот кодекс на ЗОЈМ : http://marketing365.mk/wp-content/uploads/2014/01/Предлог-етички-кодекс-на-ЗОЈМ-Јануари-2014.docx

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365