Home » Во фокусот » Предности кои милениумците ги донесуваат на работното место

Предности кои милениумците ги донесуваат на работното место

Денес, многу луѓе на водечки позиции се загрижени за подготвеноста, сериозноста и посветеноста на генерацијата милениумци, односно луѓето родени помеѓу 1980 и 2000 година. Ова е важна тема за размислување, имајќи во предвид дека милениумците сочинуваат значаен и растечки процент од работната сила, а се проценува дека до 2025 година ќе сочинуваат околу 75% од вкупната работна сила.

Со други зборови, тие претставуваат важен дел од повеќето компании. Милениумците се често мета на критики и за нив важи стереотипот дека се незаинтересирани, заљубени во себе и премногу чувствителни, односно неспособни да прифатат конструктивна критика без претерана реакција на бес. Ваквата лоша репутација ги потиснува придобивките кои милениумците ги носат со себе.

Генерацијата на милениумци не се разликува многу од генерациите кои и` претходеа. Едно истражување спроведено во 2015 година дојде до заклучок дека милениумците ги сакаат истите работи како и другите генерации, односно задоволувачка кариера која ќе им овозможи да напредуваат професионално и финансиски. Студијата исто така покажа дека, спротивно на тврдењата дека не се лојални, милениумците не покажуваат особена желба за промена на работа, всушност, доколку уживаат во својата работа и гледаат можност за напредок, би останале на моменталната работна позиција.

Во врска со ова, други истражувања покажуваат дека многу милениумци се подготвени да преминуваат од едно на друго работно место, доколку не се чувствуваат исполнети, или ако не гледаат перспектива. Работодавците треба да ги разберат нивните чувства, со прифаќањето на фактот дека тие, во однос на генерацијата на нивните родители (членови на генерација X) и баби и дедовци (бејби бум генерацијата) имаат поинаков поглед на тоа, во која мера работата треба да владее со нивниот живот, односно на “балансот на работата и животот”. Балансот помеѓу работата и личниот живот е важен за нив и додека во исто време се подготвени да работат напорно, доколку работата е во конфликт со нивните лични приоритети, очекуваат работодавците да се прилагодат на нив. Паметните работодавци ќе го сторат тоа, бидејќи постарите генерации не се иднината на фирмите, туку помладите.

Големата предност што ја донесуваат милениумците е доброто разбирање на потрошувачите, како и тоа дека и самите се паметни потрошувачи. Покрај тоа, тие се и “дигитални домородци”, односно поседуваат вредни вештини во кои многу постари вработени не можат да им парираат. Ваквото добро разбирање на дигиталната технологија и социјалните мрежи ги прави идеални кандидати за менторирање на постарите шефови во овие дисциплини.

Уште една потценета карактеристика на милениумците е фактот што целта на работата ги мотивира многу повеќе од претходните генерации. Повеќето од нив веруваат дека “бизнисот, а не владата, има најголемо влијание во решавањето на најголемите социјални проблеми” и дека тие сакаат да бидат дел од тоа решение. Ова значи дека во исто време тие сакаат компаниите во кои работат, како и повозрасните раководители на овие компании, да бидат дел од тој процес. Ова би значело двојна победа, бидејќи компаниите со цел, односно оние кои ги ангажираат своите вработени, имаат подобри финансиски резултати од другите, покажуваат истражувањата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365