Home » Во фокусот » Преку креативни работилници до едукација за водата

Преку креативни работилници до едукација за водата

Преку креативни работилници повеќе од 1200 дечиња од 12 града низ Македонија се едуцираа за важноста на водата во растот и развојот на младите.

Овој проект насловен како „Изворска – извор на креативноста“ се одржува втора година по ред и е во организација на Маркетинг агенцијата „Маркетинг микс“.

Проектот има за цел да влијае на подигање на свеста кај најмладите за редовно консумирање на чиста вода, а едукацијата се врши на интерактивен и креативен начин, преку реализација на креативни работилници за работа со полимерна глина.

Преку овие работилници дечињата не само што се едуцираат за важноста на водата за човечкиот организам, туку ја развиваат и детската креативност, моторичките  и ликовните вештини.

Овој проект предвидува и дополнителна мотивација за сите млади на возраст од 7 до 15 години кои се креативни и го негуваат здравиот начин на живеење да направат креативна фотографија со шише природна изворска вода „Изворска“ и да ја испратат во инбокс на фан страницата „Изворска – извор на креативноста“.

Првите три фотографии кои ќе добијат најголем број лајкови од страна на Фејсбук публиката ќе добијат велосипед, ролерки и скејтборд.

Поттикнување на креативноста и креативните вештини кај децата е една од основните задачи на секој едукативен систем. Овој проект нуди можност да се научи нешто ново што ќе ја стимулира детската фантазија, ќе ги научи дечињата да совладаат нова техника на креативно и ликовно изразување, а притоа на забавен и креативен начин ќе се едуцираат за тоа како да го одржат своето добро здравје преку стекнување здрави животни навики.

Маркетинг агенцијата „Маркетинг микс“ досега организираше повеќе едукативни проекти помеѓу младата популација, а овој проект е поддржан од компанијата „Кожувчанка“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365