Home » Во фокусот » Престојот во овој хотел е бесплатен ако останете офлајн

Престојот во овој хотел е бесплатен ако останете офлајн

Прва хотелска соба во светот каде цената која ја плаќате за престој зависи од времето коe го поминувате на социјалните медиуми

„The Check Out Suite“ е уникатна хотелска соба во Гетеборг, Шведска, која ги наградува гостите ако се држат подалеку од своите мобилни екрани, овозможувајќи им на семејствата да поминуваат повеќе време заедно. Собата е опремена со паметна лампа која пресметува колку ќе платите за собата врз основа на времето кое го минувате на социјални медиуми. Колку повеќе сурфате, толку лампата почнува да свети поцрвено. Ако засвети со интензивна црвена боја, тогаш ќе мора да ја платите целосната цена за престој во собата.

Зад иницијативата стои хотелот Bellora и водечката шведска осигурителна компанија Länsförsäkringar, која работи на подобрување на дигиталното здравје и социјалната оддржливост на индивидуи и семејства. Собата е дел од иницијативата Skarmhjalpen.se (Помош од екрани) – сервис кој ги анализира вашите интернет навики и ви помага во оддржувањето на здрав баланс помеѓу животот онлајн и офлајн.

„Како хотел важно е да ги охрабруваме луѓето да се социјалиираат меѓу себе кога престојуваат кај нас. The Check Out Suite е интересен концепт кој навистина го предизвикува современото однесување. Возбудени сме да видиме како ќе се развива,“ истакна Маријана Валдерама Гете, генерален менаџер на хотелот Bellora.

„Нашиот концепт за „Помош од екрани“ го развиваме еден чекор понатаму, така што поминатото време пред екран го конвертираме во валута која ве наградува со поздрав дигитален живот,“ посочи Лиса Хоглун, директор за комуникации во Länsförsäkringar.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365