Home » Во фокусот » Прво кафе во Хрватска испратено со дрон

Прво кафе во Хрватска испратено со дрон

Чуварот на светилникот на островот Бабац во Хрватска, Ивица Прскало, е првиот човек во Хрватска, на кого му е оспратено кафе со ексклузивен превоз, благодарение на брендот Franck и тимот на агенцијата Брукета&Жиниќ&Греј. Имено, кафето кое баристот на Franck свежо го подготви само за него, е испратено од островот Пашман до островот Бабац, кои се меѓусебно се оддалечени една наутичка милја, ни помалку ни повеќе туку со дрон. Со овој потег, Franck стана првиот производител на кафе во Хрватска кој испрати кафе со беспилотно летало со желба да го изненади овај љубител на кафе по повод јубилејот 25 години од нивнте “little brick“ (назив за вакумираната амбалажа на овај бренд за кафе).

Светилничарот Ивица Прскало на островот Бабац се доселил со семејството пред шест години, а живее во светилникот кој е изграден во 1874 година. Ивица, кој се грижи за безбедноста на бродовите и екипажот, покажувајќи им го безбедниот пат до пристаништето, денот не може да го замисли без кафе кое овој пат му е доставено во термос. Овој необичен лет имаше можност да се следи и во живо на социјалните мрежи, а како сето тоа изгледаше, можете да проверите на Фејсбук страницата на Франк Хрватска.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365