Home » Во фокусот » Публицис групацијата ја купи компанијата Netalk

Публицис групацијата ја купи компанијата Netalk

Францускиот адвертајзинг конгломерат – Публицис,  денеска соопшти дека ја купила Net@lk, кинеската компанија за social media услуги како дел од 5-годишниот план да инвестира преку 4 милијарди долари годишно во мали и средни дигитални компании од повеќе пазари во подем.

publicis-groupe-logo-300x278-marketing365

Публицис групацијата е трета најголема адвертајзинг и ПР компанија во светот која веќе е основач или инвеститор во поголем број на дигитални и креативни агенции, меѓу кои и DigitasLBi, Razorfish, BBH, Leo Burnett, Saatchi&Saatchi и ZenithOptimedia.

Net@lk е компанија која е формирана во 2007 година и која на компаниите им нуди услуги за имплементирање на стратегии за социјални медиуми. Компанијата досега има работено со преку 60 компании од Фортун 500 листата и речиси 300 брендови вклучувајќи ги и Кока-Кола, Валмарт и Адидас.

Во моментов имаат околу 350 вработени во 6 канцеларии низ Кина.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365