После оддржаниот прв ден од Голден Драм, ни стигнуваат одлични вести со првите објавени финалисти.
Синоќа во Порторож беа објавени финалистите во неколку категории: Radio (Single), Digital (Single), Mobile (Single), New or innovative (Single), Digital campaigns including Mobile campaigns (Multi), Branded content (Multi), Direct campaigns (Multi), Events (Multi) и Public relations (Multi) а меѓу нив се најде и Публицис Скопје како финалист во категоријата Односи со јавност, подкатегорија: социјална одговорност со својот проект насловен како Alzheimer’s News Editors реализиран за Националниот институт за неврологија.
Василие Чорлука (креативен директор) и Дејан Спирковски (копирајтер) го предводат тимот позади проектот кој го сочинуваат уште и Мики Стефановски, Милан Стојанов (арт директори) , Ѓорѓи Јаневски, Александар Јаковлев (дизајнери), Александар Пулиос (фотограф), Бојана Трпчевска (стратешки планер) и Игор Челебич (Медиа Директор)
Нивни конкуренти за освојување на некоја од наградите ќе им бидат уште 17 други финалисти кои можете да ги видите на следниов ЛИНК.
Им посакуваме многу среќа !