Home » Во фокусот » Расте индустријата за деловно комуницирање во Хрватска: агенциите ги зголемиле приходите од извоз за импресивни 78 %

Расте индустријата за деловно комуницирање во Хрватска: агенциите ги зголемиле приходите од извоз за импресивни 78 %

Од здружението за маркетинг комуникации на Хрватска (HURA), велат дека членовите на здружението забележале вкупен пораст на приходите, со посебен акцент на приходите од странскиот пазар

Агенциите за деловно комуницирање, членови на HURA, забележаа зголемување на приходите од обезбедување на услуги на странскиот пазар за 78% во периодот од 2014 до 2017 година.

Приходите на агенциите се зголемиле и достигнале 224.455.501,00 куни (околу 30 милиони евра) во 2017 година (според податоци од poslovnahrvatska.hr). Според последниот извештај на Хрватската асоцијација за маркетинг комуникации (HURA), агенциите-членки, забележаа вкупен пораст на приходите од 26%.

Давор Брукета, претседател на HURA, по повод објавувањето на резултатите, изјави: “Наведените податоци се показател за растот на индустријата, а домашните агенции покажаа дека се соочуваат со предизвиците на глобалниот пазар. Работата на странскиот пазар дополнително ги зајакнува и финансиски и искуствено, што е значајно за развојот и растот на домашните агенции. На оваа патека, HURA континуирано работи на споделување знаења и искуства меѓу агенциите и на тој начин придонесува за нивниот успех. Ова е само еден индикатор за потенцијалот на индустријата за пазарно комуникацирање и неговото значење за хрватската економија “.

Континуираното инвестирање и учење, адекватниот кадар, споделување искуства и следење на светските трендови доведоа до задоволителни резултати, истакнуваат од HURA. Вкупно 39 агенции за пазарно комуницирање се членови на HURA, меѓу нив се повеќекратно наградувани агенции, како на домашниот, така и на странските пазари. HURA ги промовира и ги застапува интересите на агенциите и ги дефинира и развива највисоките можни стандарди за професионална пракса во индустријата за деловно комуницирање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365