Home » Во фокусот » Репортери без граници не` потсеќа на жртвите од лажните производи со нова кампања #FightFakeNews

Репортери без граници не` потсеќа на жртвите од лажните производи со нова кампања #FightFakeNews

Со оваа кампања, која ја започна организацијата Репортери без граници по повод Светскиот ден на слободата на печатот, тие сакаат да поттикнат на размислување за последиците од лажните вести

По повод Светскиот ден на слободата (3 мај), организацијата Репортери без граници (Reporters Sans Frontiers – RSF) започна кампања #FightFakeNews која има за цел да предупреди на опасноста од лажни вести.

Кампањата не` потсетува дека борбата против дезинформациите денес е една од најголемите предизвици на новинарството, а основен елемент е ТВ спотот со наслов “FightFakeNews“, кој за Репортери без граници го креираше француската креативна агенција BETC, а во режија на Каролина Гримпел.

Спотот ја споредува штетата што на луѓето им ја предизвикуваат фалсификуваните (лажни) индустриски или фармацевтски производи со политичката штета која произлегува од лажни (фејк) вести и информации.

За разлика од традиционалните видови на лажни производи, чие влијание врз здравјето или околината е видливо и мерливо, “лажните вести” ги поткопуваат темелите на демократијата на еден подмолен начин. Лажните вести длабоко задираат во нашите животи, а кога станува збор за нив, не само што се манипулира со нашите пари, туку и со нашите умови.

“Содржината што се произведува на еден ригорозен и фер начин е се` повеќе на удар од нелојалната конкуренција на спонзорирана содржина, пропаганда и гласини”, изјави генаралниот секретар на Репортери без граници, Кристоф Делоар.

“Истражувањата покажаа дека лажните вести се шират многу полесно отколку веродостојните вести, поради когнитивната пристрасност кај луѓето. Не можеме да останеме пасивни пред оваа закана за чесноста на јавниот дискурс и следствено, на демократијата. Репортери без граници презема конкретни чекори за промовирање на новинарските слободи, независноста и плурализмот “, заклучи Делоар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365