Home » Во фокусот » Репортери без граници: Само девет проценти од луѓето живеат во земји каде што медиумите се слободни

Репортери без граници: Само девет проценти од луѓето живеат во земји каде што медиумите се слободни

Индексот на медиумските слободи покажува дека повеќето земји немаат сигурнa средина за слободна работа на новинарите.

Само помалку од десетина светски популации живеат во земји каде што новинарите работат во посакувана средина во смисла на слобода и независност во професијата, истакнуваат Репортери без граници по повод Денот на слободата на медиумите.

Само девет отсто луѓе живеат во земји кои оваа организација ги означува како добри или задоволителни за слободата на медиумите. Во три четвртини од земјите, ситуацијата со слободата на медиумите е тешка или многу сериозна каде што има притисоци.

“Ниту еден голем проблем на човештвото – било да се работи за глобалното затоплување, корупцијата или родовата нееднаквост – не може да се реши без информации што се слободно и независно известени и сигурни, со други зборови, без квалитетно новинарство”, изјави генералниот секретар на Репортери без граници, Кристоф Делоар. “Оваа ситуација е многу загрижувачка за новинарите и пред сè, за оние луѓе кои имаат право на информирање”.

Податоците дека само девет отсто луѓе живеат во земји каде што медиумите се слободни се засноваат на податоците од Светска банка и Индексот на медиумските слободи на Репортери без граници. Индексот е глобално влошен за 11% во последните пет години.

Македонија се наоѓа на 95. место според последниот светски индекс за слободата на медиумите на Репортери без граници (РСФ), исто како и минатата година, кога земјата скокна за 14 места.

Во Европската унија и на Балканот е регистриран пад на медиумските слободи од 1,7 отсто во смисла на пречки и напади на новинари. Иако генерално во европските земји се почитуваат медиумските слободи, новинарите и понатаму се соочуваат со сериозни напади: од убиствата во Малта, Словачка и Бугарија, до физички и вербални напади на новинари во Србија и Црна Гора или насилство врз новинарите во Франција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365