Home » PRESS » Ресторан Бакал-место за вистинските гурмани

Ресторан Бакал-место за вистинските гурмани

На 5 км од Тетово, или за само 15-тина минути од Скопје во тетовското с. Брвеница се наоѓа уникатниот и автентичен ресторански комплекс  Бакал, место кое со својот уникатен амбиент, содржина, преубава природа и уникатни специјалитети веднаш ќе ве освои, место каде секогаш ќе сакате да се вратите.

3

Ресторанот Бакал нуди топла семејна атмосфера и извонредна храна што ќе го зачини вашето доживување, без разлика дали се работи за бизнис ручек, дружење со пријателите или романтична вечера со партнерот. Во преубавата атмосфера секој љубовен состанок се претвора во бескрајно задоволство, а секој деловен ручек има позитивна и конструктивна атмосфера зачинета од амбиентот. Жуборот на водата, прекрасните растенија и уникатниот амбиент кој е креиран во ресторанот со многу чувство за естетика и пред се со многу љубов никого не остава рамнодушен.

А во летно време, фотографиите направени во овој ресторан се вистинска разгледница на која и се восхитува секој посетител.

Овој елегантен, а сепак традиционален македонски ресторан нуди квалитетна храна подготвена со многу љубов од најдобрите кулинарски мајстори. Секој ден на мени има свежо печено јагне, јаре, прасе, свежа риба како дел од традиционалните македонски јадења, како и интернационална храна, како подгорче, капама, ѓомлек, но и foie gras,magre, t bone steak, tatar beef и многу повеќе, место акде може да се најде за секого по нешто. Големиот избор и квалитет е причина голем број на  гости од различни делови од Македонија, но и од регионот да доаѓаат во ресторанот Бакал. Во “Бакал” се чувствува духот на македонската традиција, преку ентериерот, гурманските специјалитети и љубезноста на персоналот, што неретко е причина многу дипломати да го посетуваат и воодушевени да си одат.

10

Во склоп на ресторанот се наоѓа и пекара, каде се произведува домашен леп и бели пецива. Се прави р’жан леб од ржано брашно, мелено на камен, каде 90 % од лебот го содржи тоа брашно без никакви бои и адитиви, како и пченкарен леб исто така од пченка мелена на камен, а и неколку лебови по француска рецептура. Во склоп на ресторанот се наоѓа и млечен ресторан.

Сите кои се чувствуваат како гурмани, кои сакаат да уживаат во добра храна и одлична услуга, и кои сакаат да поминат неколку незаборавни моменти во својот живот, ресторанот Бакал е вистинското место за нив!

Атмосферата е највеличенствена во вечерните часови, кога ќе се запалат светилките и ќе засвират чалгиите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365