battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » САД : Приходите од online огласување за прв пат поголеми од приходите од ТВ огласување

САД : Приходите од online огласување за прв пат поголеми од приходите од ТВ огласување

Додека кај нас во Македонија маркетинг агенциите мака мачат да им објаснат на нивните клиенти дека буџетот за ТВ огласување треба пополека да го прелеваат во online (и прилично тешко им оди)….од САД за прв пат стигна информација дека online огласувањето веќе го надмина она на ТВ.

Приходите од огласување на интернет во Соединетите Американски Држави (САД) во 2013 година достигнаа рекордни 42,8 милијарди долари и за прв пат ги престигнаа приходите од телевизиско огласување, покажуваат резултатите од извештајот на ИАБ (Interactive Advertising Bureau).

Ad revenue market share by media

Во истиот период (2013 година), огласувањето на телевизиските канали (напомена: во ова не е вклучен кабловскиот систем) донесоа приход од 40,1 милијарда долари.

Во однос на 2012 година, приходите од online огласување бележат пораст од 17% (тогаш изнесуваа 36,6 милијарди).

Мобилното огласување забележа повеќе од дупло поголем (110%) приход  – >7,1 милијарда во 2013 година во однос на 3,4 милијарди во 2012 и тоа е веќе трета година по ред да бележи ист тренд на пораст.

anual-internet-ad-revenue-2013-iab-pwc

Дигиталното видео донесе 2,8 милијарди долари приходи во 2013 година, што е пораст од 19% од претходната година. Ова резултираше да овој вид на огласување се позиционира на четвртото место по уделот кој го зазема.

Погледнете кои дигитални огласувачки формати имаат најголем удел во приходите од online огласување:

Ad formats 2013

Овој извештај е базиран на истражувањто кое го спроведе PricewaterhouseCoopers – PwC. Истражувањето вклучува податоци кои се однесуваат на приходот од онлајн огласување на веб страни, онлајн комерцијални услуги и други компании кои продаваат услуги за online огласување.Извештајот излегува два пати годишно, со полугодишни и годишни резултати.

Целиот извештај за 2013 година можете да го преземете на следниов ЛИНК.

 

 

 

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365