Home » Во фокусот » Самсунг доби патент за паметна маица

Самсунг доби патент за паметна маица

Се чини дека Самсунг развива нова паметна маица со вградени сензори кои можат да дијагностицираат болест преку паметен телефон. Технологијата користи сензори кои можат да направат опширна анализа на функцијата на белите дробови детектирајќи ги звуци на телото, како и обезбедувајќи дијагноза и совети, известува LetsGoDigital.

Корејскиот гигант тврди дека може да се дијагностицираат респираторните болести, односно дека може да се измерат честотата и моќта на здивот. Исто така, може да се извршат голем број на различни дијагнози вклучувајќи воспаление на белите дробови и бронхитис, но и да се препознаат и хронични заболувања на белите дробови како што се астма и ХОББ (хронична опструктивна белодробна болест). Според патентот поднесен од компанијата до Светската организација за интелектуална сопственост, технологијата ја зема предвид вашата медицинска историја заедно со индексот на телесна маса.

За да се добие точна дијагноза, биле земени во предвид и возраста, полот, тежината и висината на корисникот, како и неговата медицинска историја. Сензорите се поврзуваат со паметен телефон, така што корисникот може да ја прочита дијагнозата, како што се “симптоми на пневмонија” или “респираторна инфекција” на екранот. Врз основа на резултатите, се даваат совети кои се разликуваат од превентивни до итни случаи.

Компанијата минатата година веќе го претстави своето паметно одело и паметно одело за лизгање со кое холандските спортисти можеа да тренираат за Зимските олимписки игри во 2018 година. Минатиот месец, Самсунг лансираше и паметни чевли, давајќи им на спортистите во реално време повратни информации за тоа како го извршиле трнингот.

Сензорите исто така може да се интегрираат и во други видови облека. Не е познато кога на пазарот ќе се најдат за пошироката јавност, иако компанијата вели дека можностите се “бесконечни”. “Да го земеме за пример, професионалниот фудбалер кој се наоѓа на спортски терен, каде што функцијата на белите дробови може да се следи во реално време”, вели портпаролот на Самсунг. “Но, ова технолошко решение може да понуди одговор и за болно дете. Ако можете лесно да забележите детално скенирање дома, ова е, се разбира, голема победа. Очигледно, паметната маица мора да биде во соодветна големина за оваа група корисници. “

Сепак, како што знаеме, не секогаш сите патенти кои се поднесени и одобрени стануваат реалност, бидејќи големите компании редовно аплицираат за патенти за своите идеи, така што нас ни останува да чекаме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365