Според податоците на водечката независка агенција за проценка и стратегија на брендовите “Brand finance“,Сбербанк останува највредниот руски бренд
Вредноста на брендот Сбербанк изнесува 13.233 милијарди долари, што е за 870 милиони повеќе од 2019 година. Од 2014 година, Сбербанк бележи постојан раст на вредноста на брендот. Во текот на изминатата година, брендот напредуваше на листата за дури две позиции и го зазеде 139-то место на листата на највредни брендови во светот. Банката исто така го задржа својот елитен ААА + рејтинг како банкарски бренд. Само десетина брендови во рамките на Глобал 500 постигнаа елитен рејтинг ААА + оваа година.
„Сбербанк стана синоним за доверба во рускиот пазар. Тоа кажува многу за нејзиниот успех на листата Brand Finance Global 500 за оваа година. Сбербанк уште еднаш се етаблира како стабилен бренд на кој се потпираат повеќе милиони руски граѓани. Со константен развоја на својата стратегија, Сбербанк успеа да се развие од традиционална финансиска институција во институција која има влијание врз другите аспекти во животот на клиентите, особено во дигиталниот свет. Ваквиот развој го отвори патот на Сбербанк да стане најсигурен бренд во Русија“, изјави Дејвид Хаиг, извршен директор на Brand Finance.
„Brand Finance“ успева успешно да го премости јазот помеѓу маркетингот и финансиите со квалитативно оценување на финансиската вредност на еден бренд. Ослонувајќи се на експертизата на полето на стратегијата, брендирањето, истражување на пазарот, визуелниот идентитет, финансиите, данокот и интелектуалната сопственост, Brand Finance им помага на сопствениците на брендовите и инвеститорите да донесат правилни одлуки за да ја максимизираат вредноста на брендот и деловната успешност.
Во топ пет највредни руски брендови влегоа и Gazprom (305 милијарди рубљи), Lukoil (283 милијарди рубљи), Rosneft (180 милијарди рубљи) и Magnit (153 милијарди рубљи).