Home » Во фокусот » Се оддржа работилницата “Дизајнот во комуникацијата“

Се оддржа работилницата “Дизајнот во комуникацијата“

Денес во Куршумли Ан, во организација на агенцијата за односи со јавност Навигаторс, а во рамките на Скопската недела на дизајнот, се одржа необична работилница под наслов “Дизајн на комуникација”. Како комуницираме е длабока рефлексија на нас самите, а како ја дизајнираме пораката што ја испраќаме зависи од нашата подготвеност, комплексност и мотивираност.Говорниците на оваа работилница се луѓе кои се бават со феноменот комуникација во својата професија и порачуваат дека иако можеби не заработуваме сите од комуникација, сепак сите ние можеме подобро да заработуваме доколку правилно комуницираме, во најмала рака, со правилно комуницирање, имаме можност поправилно и поточно да нè разберат.

rabotilnica

Меѓу говорниците е Наташа Дукоска, од агенцијата Навигаторс, која за комуникацијата вели дека е “клучна алатка за да можеме да пренесеме, да рефлектираме и да бидеме исконстатирани од околината или публиката. Начинот на кој ќе ја обликуваме пораката зависи од капацитетот на нашата личност, но и начинот на кој ќе ја дистрибуираме подразбира социјална интелигенција на испраќачот. Компаниите треба сето ова да го препознаат, преведат и имплементираат во својата политика за односи со јавноста. Нивните вредности се поистоветуваат со вредностите на нивниот производ.”

Други говорници на оваа работилница беа:

Станислав Петковски, психолог со осврт на потребата од комуникација или зошто комуницираме. Дека комуникацијата е основна човекова потреба, порив без кој не се може. Комуницираме значи постоиме.

Сашо Мацановски Трендо, www.off.net.mk, кој се обрати по повод релацијата: медиум – широка јавност, како основоположник на модерниот медиум во Македонија – портал, колумнист, ТВ водител.  Фокусот на тоа како допира до широката јавност, како пренесува пораки до толкав широк аудиториум.

Сашо Мацановски Трендо

д-р Илијана Петровска, професор на Американ Колеџ, која се осврна на комуникацијата на брендот, како може еден бренд да има карактеристики, вредности, асоцијации и истите да ги отсликува преку разни канали на комуникација.

Билјана Северинова, ПроКредит Банка, комуникација на една корпорација со општеството и истата придонесува и за други пошироки, општествени појави.

Дејан Милевски Декла – Синерџи, софтверска компанија, дологодишен маркетингџија, кој говореше за искрена комуникација со потрошувачите и кои се раизиците и моќните поволности од ваквата “соголена” комуникација.

Комуникацјата е како спознанието, колку повеќе се имате спознаено толку е поедноставно да функционирате. Можеби трагањето по вистинската порака е процес кој трае, но со попрецизно поставени контури во комуникацијата, се сè одвива олеснето и вистински.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365