Home » Во фокусот » Со фармерките на Дизел е полесно да се побегне од лошите состаноци на слепо

Со фармерките на Дизел е полесно да се побегне од лошите состаноци на слепо

Публицис Италија во новата реклама на Дизел, ни ги претставува JoggJeans, совршените фармерки за бегство

  

Низ годините, видовме доволно реклами за фармерки кои се фокусирале на романтично поврзување (потсетете се на класичитен реклами на Levi’s со парови од осумдесеттите години, како што е онаа во кој Бред Пит се состанува со својата девојка пред затворот). Сепак, Дизел одлучи да се фокусира на лошата страна на состаноците и порачува дека со нив е полесно да се избега од лошите состаноци на слепо.

Во видеото за JoggJeans фармерките на овај бренд, Публицис Италија нè запознава со еден млад човек кој е осуден на низа неуспешни онлајн состаноци на слепо. Тука се “ледената кралицата”, потоа “девојката”, која воопшто не изгледа како на нејзините онлајн фотографии, а тука и е девојката која, всушност, изгледа потполно исто како на нејзиното Инстаграм селфи. Нашиот протагонист на крајот се решава на бегство и судбоносно налетува на некоја што навистина му се допаѓа, но дали тој ќе му се допадне на неа?

Рекламата е дел од глобалната интегрирана кампања на која работи Публицис Италија, вклучувајќи принт елементи, надворешно рекламирање, е-трговија, локални активости и хипер-насочени содржини за социјални медиуми, кои имаат за цел на оние кои често одат на состаноци на слепо, да им ја дадат “вистинската опрема за бегство”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365