Home » Digital » Со најновата функција, Твитер ја продолжува борбата против злоупотребите и лажните профили

Со најновата функција, Твитер ја продолжува борбата против злоупотребите и лажните профили

Популарната социјална мрежа воведува нови безбедносни мерки. Ако сакате нов профил, прво ќе треба да го потврдите телефонскиот број и адресата на електонската пошта

Добро познатата платформа за микроблогирање долго време е под притисок поради постојаното ширење на говор на омраза од страна на корисниците. Извршниот директор на Твитер, Џек Дорси призна дека Твитер ги потцени “негативните последици од микроблогирањето на Твитер кои влијаат на реалниот свет”, овозможувајќи разговори за глобалните прашања во форма на јавни форуми.

На воодушевување (речиси) на сите, Твитер воведе нова функција која навистина може да помогне.

“Еден од најважните делови на нашата работа е да се подобри квалитетот на разговори на Твитер, овозможувајќи им на луѓето пристап до веродостојни, релевантни и квалитетни информации”, пишува во најновиот блог на Твитер.

“Со цел да се придонесе за постигнување на оваа цел, воведовме мерки за борба против злоупотребата и тролањето, нови правила кои се однесуваат на говорот на омраза и насилниот екстремизам, а воведуваме и нова технологија и вработуваме нови работници кои ќе помогнат во борбата против спамовите и злоупотребата.”

До сега, логирањето на Твитер беше преку едноставен процес, а корисниците лесно можеа да направат неколку профили за спамови. За да се спротивстави на оваа активност, Твитер воведе ново правило дека новите корисници мора да го потврдат нивниот телефонски број и е-маил адресата пред првата објава.

Твитер, исто така, ќе ја намали видливоста на профилите за кои смета дека се сомнителни, а исто така, ќе работи на тоа да ги одврати чесните корисници да ги следат профилите, кои всушност се спам.

Откако Твитер ќе ги препознае спамерските или злонамерни профили, ќе ги заклучи се` додека не го поминат тестот за проверка, кој вклучува, потврда на е-поштата или телефонскиот број. Понатаму, сите профили кои покажуваат високо ниво на активност со користење на хаштагови без никаков одговор, исто така, ќе мора да се подложат на верификација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365