Home » Во фокусот » Со PayPal не морате да се грижите дали сте купиле погрешен подарок

Со PayPal не морате да се грижите дали сте купиле погрешен подарок

PayPal ги спасува оние кои за празниците купиле погрешни подароци, а во Европа тоа се промовира со кампања на агенцијата Buzzman

Празници, семејни собири, убави јадења и подароци. Тоа се работите кои го обележуваат ова време од годината. Но, не е лесно да се изберат вистинските подароци…

Во рекламата, кој можете да ја погледнете подолу, PayPal се обраќа токму до оние за кои овај волшебен момент на отворање на подароците е придружен со трагично сознание дека нивниот подарок не е доволно добар/соодветен. Во таквите ситуации, оние кои купиле несоодветен подарок ќе одат до крајни граници да го сокријат, смета PayPal, а со цел да ги спаси од оваа грижа, PayPal ќе им овозможи на купувачите кои купиле такви подароци преку овај сервис да ги вратат и да добијат поврат на парите.

Кампањата која се состои од видеа од 70, 45 и 20 секунди, се прикажува во кината, дигиталните канали и социјалните мрежи од 22 ноември во Франција. Рекламата исто така ќе се емитува и во Германија, Швајцарија и Австрија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365