battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » Социјалните мрежи и изборите во Македонија

Социјалните мрежи и изборите во Македонија

Заедно со уште неколку други активни корисници на социјалните медиуми (@Skraci и @Shod_ae), јас (BorisUnited) и колегата Гоце Пачемски (@Pacemski_G ) имавме прилика да “гостуваме“ со наши коментари  во текстот на новинарот Јане Димески (@Janakija) за порталот Телеграф со наслов  “Кампања : Неопределените сакаат да ги придобијат преку социјалните мрежи“ каде колку што дозволуваше просторот беа пренесени делови од нашите одговори на поставените прашања.

Во продолжение прашањата и целосните одговори во прилог на дебатата која во последно време активно се води: Социјалните мрежи и изборите во Македонија !

Социјални мрежи и избори

– Дали партиите и кандидатите можат да придобијат дел од овие гласачи, кои, според истражувањата најмногу се на возраст до 45 години, со тоа што едноставно ќе ги објавуваат постоечките „традиционални“ (ТВ, печат и јавни настапи) кампањи и на социјалните мрежи или за тоа е потребно нешто повеќе?

Борис Ефтимовски : Кампањите на партиите и кандидатите дефинитивно треба да бидат интегрирани без разлика на кој медиум се комуницираат (вклучително и социјалните мрежи) да емитираат доследна порака која ќе се вклопува во целиот медиумски настап. Се разбира, секој медиум има свои специфичности, а една специфичност на социјалните мрежи е што тие во основа се платформа која се заснова на постојана двонасочна комуникација и интеракција со јавноста (што не е случај со традиционалните медиуми) – што всушност значи дека бара постојано внимание кое ќе овозможи навремено антиципирање на потребата за определена реакција на тие кои стојат позади тие профили на политичките партии или кандидатите.

Тоа пред се значи дека кампањите кои одат на другите медиуми мора да бидат прилагодени на придодата на социјалните медиуми. Ако се постави јасна стратегија и цел чие остварување постојано ќе се мери, социјалните медиуми можат да бидат многу моќен медиум преку кој ќе се допре до еден сегмент од неопределеното гласачко тело и евентуално да се придобие како нови гласачи на контото на партијата или кандидатот.

Гоце Пачемски: Во комуникациите постои едно златно правило дека содржината на пораката мора да се адаптира на оној на кој му е наменета, но и на спецификите на медиумот преку која таа се пренесува. Со други зборови, една иста порака не може на ист начин да се пренесува на различен вид медиуми. Она што функционира на т.н. традиционални медиуми, не мора, и најчесто не функционира на социјалните мрежи. Социјалните медиуми, заради нивните специфики, бараат од оној што сака да комуницира преку нив, да понуди многу повеќе отколку само емитување на својата порака (постер, видео спот, слоган…). Корисниците на социјалните мрежи (а во тие рамки и гласачите) очекуваат дијалог, одговори на нивните прашања, очекуваат размена на мислења и тоа на прифатлив начин за нив, односно на јазикот кои тие го разбираат, а кој може да се разликува од јазикот кој вообичаено го користат политичарите.

– Дали едноставното отворање на профили на партиите, политичарите и кандидатите пред се` на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер е доволно за придобивање на гласачи и дали присуството на овие мрежи истовремено носи потенцијална опасност или можни контраефекти за кандидатите?

 Борис Ефтимовски: Самото присуство на социјалните мрежи воопшто не е никаков плус за кандидатот или опцијата кој претендира на гласовите на тамошната публика. Напротив, ако биде сфатено не доволно сериозно – може да биде и голем минус.

Ако партиите и кандидатите одлучат дека треба да бидат присутни на социјалните мрежи, потребна е сериозна анализа на публиката и нејзино сегментирање според различни демографски, психографски и бихевиористички карактеристики што ќе овозможи аплицирање на соодветни стратегии и тактики на политички маркетинг.

Гоце Пачемски: Социјалните медиуми нудат неповторлива  можност за остварување ефективна двонасочна комуникација, преку дијалог и интеракција со корисниците, кои во случајов се потенцијални гласачи и симпатизери. Но, покрај јасните и недвосмислени предности и можности што ги нудат социјалните мрежи, тие „кријат“ и потенцијална опасност која ја генерираат два главни фактора: (1) неправилното користење на медиумот кое произлегува од немањето стратегија и јасна цел за тоа што сакате да постигнете и (2)  неправилна комуникација со луѓето која може да биде заради погрешниот начин (монолог, наместо дијалог), но и заради содржината и тонот на пораката, на пример омаловажувачки, навредлив тон, наместо позитивен. Лошо испланираната еднонасочна комуникација преку социјалните медиуми, полна единствено со „пропагандни“ пораки и напад и омаловажување на „се она што не е наше“ најверојатно ќе биде контрапродуктивна, односно нема да ја постигне целта – да креира доверба и репутација во јавноста и кај неопределените гласачи. Таквата комуникација најверојатно само ќе ги „привлече“ противниците да започнат вербална „војна“ од која реална полза нема никој

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365