Home » Во фокусот » Социјалните мрежи и паметните индустрии во фокус на вториот ден од самитот на Македонија 2025

Социјалните мрежи и паметните индустрии во фокус на вториот ден од самитот на Македонија 2025

Со интересни дискусии за можностите и предизвиците во медиумската и телекомуникациската индустрија, како и за последните трендови во социјалните медиуми и платформи се отвори вториот ден од Самитот Македонија2025. Врвни експерти од земјата и регионот зборуваа за тоа како паметните индустрии можат да помогнат во развојот на македонската економија и да отворат нови кариерни можности за луѓето кои живеат во Македонија.

Вања Јосифовски кој е главен технички директор во Pinterest, САД, гледајќи ја големината на пазарот на Македонија изјави дека „Развојот на потрошувачки бизнис секогаш треба да има меѓународна перспектива со аспирации за раст кои ја вклучуваат барем балканската област. Постојат водечки даватели на услуги кои не се пробиле на балканскиот пазар, а некои од овие бизнис модели може да се прилагодат на оваа област“.

„Потребен е развој на потенцијалите на нашата земја, инвестирање во зелените економии за да го следиме истовремено и трендот на развиените земји, инвестирањето во руралните потенцијали, туризмот, ИТ секторот и многу други. Се надевам дека ќе се насочиме кон паметно менаџирање со ресурсите на нашата земја, со развој и унапредување на домашните бизниси и одржливост и унапредување на странските инвестиции во земјата“. – истакна Зоран Мартиновски, раководител на МФК Корпорацијата на Светската банка за Македонија и Црна Гора, копретседавач на Самитот и член на Одборот на директори на Македонија2025.

Билјана Марковиќ-Стаменова, извршната директорка на Македонија 2025 потенцира дека „Самитот Македонија2025 стана препознатлив регионален бренд кој нè прави горди Македонци. Оваа година истиот изобилуваше со теми – визии за иднината, но сепак релевантни и применливи во Македонија и регионот.“

Во текот на вториот ден од официјалната програма се очекуваат интересни дискусии за неколку значајни теми, како што се: обновливите извори на енергија и технологиите на иднината, успехот на Израел како стартап нација и за тоа како Македонија би можела да стане центар за паметни индустрии во регионот и пошироко.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365