Помеѓу вкупно 34 проекти кои влегоа во финалниот избор, жирито за наградите Sempler избра девет златни награди и големата Grand Sempler награда.
Најголемата награда на овогодинешното натпреварување за најдобрите медиски стратегии Sempler, кое се оддржа во рамки на конференцијата за медиски трендови Sempl, и припадна на кампањата “Согласка за живот“ која за хрватското здружение Transplant ја креираше Рекламната агенција Imago од Загреб.
Со кампањата “Согласка за живот“ креаторите сакаа да ја запознаат јавноста со значењето на одлуката за дарување на органи и да изразат поддршка на сите оние кои чекаат на пресадување на органи и исто така да се заблагодарат на дарителите и нивните фамилии кои со својот племенит чин спасиле други животи. За таа цел беше креирана апликација преку која корисниците на Фејсбук можеа да ја изразат својата поддршка така што даруваа согласка од своите имиња. На кампањата се приклучија многу медиумски куќи – кои ги тргаа согласките од своите имиња или логоа и така допринесоа за поголема свесност околу оваа тема.
Во категоријата стратешка употреба на медиа-миксот златната награда ја доби хрватската медиска агенција OMD Media, во соработка со огласувачките агенции Innovo DDB и Drap, која за McDonald`s Хрватска ја креираше кампањата МекДоналдсов доручек.
Словенската медиска агенција OMD – OmnicomMediaGroup и огласувачката агенција Publicis добија две златни награди за кампањата Renault Z.E. Taxi и тоа во категоријата Иновативна употреба на комуникациски канал и категоријата Најдобра искуствена камапња.
Во категоријата најдобро таргетирана кампања победи промоциската кампања на VIP , креирана од Universal McCaann, Real Grupa и Grey.
Во категоријата Најдобра употреба на дигитална околина, победи кампањата “Itak snaga rijeci“ , изработена од Pristop Media и огласувачката агенција Pristop за Telekom Slovenija.
Во категоријата Најдоброа употреба на мобилна околина, победи апликацијата Telenov bankar, на српската агенција Direct Media изработена за Telenor banka.
Дигиталната агенција Red Orbit доби златна награда во категоријата Најдобра употреба на податоци за проектот “Успешна резервација на авио карти” за Adria Airways.
Во катеогријата Најдобри нови медии/медиски формати победи кампањата “pozoriste iz kofer” на агенцијата Пристоп за Мини театар.