battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » “Сосема моја Македонија“ – прв натпревар за брендирање во Македонија

“Сосема моја Македонија“ – прв натпревар за брендирање во Македонија

“Бизнис академијата Смилевски“ и компанијата за маркетинг и односи со јавност “The P World“, го организираат првиот натпревар за брендирање во Македонија.

На натпреварот насловен како “Сосема моја Македонија“, поканети се да учествуваат сите студенти кои не се постари од 25 години и кои имаат своја креативна визија за реклама на нашата земја.

Сосема моја Македонија - Маркетинг365

Категориите во натпреварот се според стандардите и публиката на светските магазини: “Time”(општ туризам), “Economist” (економски потенцијал и туризам) и “Luxury”(елитен туризам) .
Вашата идеја (графика/слоган/фотографија/текст) треба да биде оригинална и креативна, а воедно да се обраќа кон публиката на дадениот магазин.

Идејните решенија треба да бидат поднесени во две верзии на македонски и англиски јазик.

Организаторите на овој натпревар сметаат дека на овој начин ќе се поттикне креативната мисла на студентскиот ум и затоа се во потрага по најкреативниот дизајн за брендирање на Македонија. Победникот на натпреварот ќе биде избран од глобални експерти по маркетинг и односи со јавност, а имињата на судиите засега се чуваат во тајност.

Пријавувањето започнува од први Февруари и трае до крајот на месецот, а своите идеи студентите ќе можат да ги испратат на веб страницата на БАС.

За сите подетални информации околу правилата и учеството на овој натпревар следете ја официјалната Фејсбук страна на #Сосема моја Македонија >>> www.facebook.com/sosemamojamakedonija.

Победникот ќе се знае во средината на Март, а најкреативниот бренд студент од Македонија ќе земе учество на најголемата конференција за маркетинг и односи со јавност во регионот- Marketing Kingdom која ќе се одржи на крај од месец Март во Загреб, Хрватска каде студентите ќе имаат можност да се запознаат и да се дружат со врвните менаџери по маркетинг и односи со јавност кои работат во глобални брендови како: Coca- Cola, Nokia, Shazam, Billboard, Heineken, Airbus и многу други.

Извор: Факултети.мк

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365