Home » Во фокусот » Старбакс ги укинува пластичните цевки во своите пијалоци

Старбакс ги укинува пластичните цевки во своите пијалоци

Старбакс одлучи да ги укине пластичните цевки до 2020 година поради спречување на понатамошно загадување на животната средина, соопшти компанијата во понеделникот. Цевките ќе бидат заменети со проѕирни капачиња со испакнување и мал отвор на врвот, кои исто така се пластични, но полесно се рециклираат. Некои пијалаци ќе продолжат да имаат цевки, меѓу кои и Frappuccinos, но овие цевки ќе бидат направени со компостибилна пластика или хартија. Компанијата проценува дека на овај начин ќе се намали употребата на околу 1 милијарда пластични цевки годишно.

Овој потег е дел од поголемиот тренд против пластиката за еднократна употреба, особено во индустријата за храна. Градот Сиетл, каде што е основан Старбакс, се верува дека е првиот главен град во САД кој ги забранува пластичните цевки, со регулатива што стапи во сила на 1 јули. Исто така, компанијата Алјаска Ерлајнс во мај објави дека ја отфрла употребата на пластични стапчиња и цевки во нејзините пијалаци.

Се проценува дека само Американците користат околу 500 милиони цевки дневно. Многу од овие пакувања завршуваат на депонии, каде што можат да седат со векови без да се разградат, или во океанот, каде што често се проголтани од животни. Тоа е штетно за животните, се разбира, но исто така и за луѓето кои внесуваат траги од пластика, преку синџирот на исхрана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365