Еден од спонзорите и пријатели на неодамна одржаниот 52. Bitef (Белградски интернационален театарски фестивал) беше и компанијата Carnex, која сакаше да ги задоволи сите посетители и широката јавност со интересни активирации на социјалните мрежи за време на театарската церемонијата. Осмислувањето и реализацијата на овие активации беше задача на дигиталниот тим на агенцијата McCann Белград, кој на задоволство на сите, а судејќи според реакциите на публиката и резултатите на дигитални канали, оваа задача успешно ја заврши.
Carnex и Bitef споделуваат заеднички вредности – долговечност, квалитет и традиција. Двата брендови се присутни во Србија повеќе од половина век, а почитта и љубовта кон нив се шират далеку од границите во кои се создадени. Активацијата “даските кои живот значат” се роди од желбата на публиката, која е желна за култура и е покреативна од она што може да се очекува, да и` се даде можност да биде “уметник на еден ден.” Задачата беше јасна: да се напише продолжение на цитатите од познати дела кои гостувале на Bitef – Илијада (Хомер), Сон на летната ноќ (Шекспир) и Галеб (Чехов). Иако не било побарано, повеќето од коментарите на посетителите на Фејсбук страницата на Carnex, покрај тоа што биле креативни и интересни, на духовит начин спонтано ги поврзувале дадените цитати со брендот.
Дигиталните активации може да бидат клучни за градење позитивна перцепција за брендот во рамките на неговата целна група, но и во пошироката јавност. Тие ја поттикнуваат онлајн заедницата на интеракција со брендот и на креативност, а исто така создаваат посилни емоционални врски помеѓу брендот и потрошувачот. Успешното активирање на брендот на социјалните мрежи генерира ангажираност на целната група, голем број на лајкови, коментари и споделување на содржини. Carnex и McCann Белград за време на само една недела реализирале три активации, а постигнати се следниве резултати: 3226 интеракции, од кои 313 луди коментари. Беа избрани 15 победници, кои освоија богати пакети на Carnex производи како награди.
“Даските кои живот значат ги пренесивме на Фејсбук и им дозволивме на корисниците да станат уметници. Додека на различните сцени во Белград се играа претставите на Bitef фестивалот, на нашата веб страница се одржуваше своевиден уметнички натпревар на креативност. Сакавме да го покажеме талентот на нашите корисници, како млади, така и стари, и на тој начин духот на театарот да го прошириме и на дигиталната сцена “, изјави Лука Личина, Digital Copywriter, McCann Белград.
“Нашите млади сограѓани се вистинска ризница на креативни коментари и стихови, а ние откривме и кои производи од Carnex им се омилени како оброк. Сакавме да им посветиме време за младите, образовани и свесни луѓе и на овај интересен и за нив најразбирлив начин, уште еднаш да ја нагласиме важноста за поддршка на културните настани. Младите создаваат нови можности и начини на комуникација, што го потврдуваат и ваквите активизации кои ја постигнаа својата цел и ја пренесоа вистинската порака. За нас е важно дека сите сме одлучни во поддршката на уметничкиот израз, без кој нема ниту култура ниту авангарда и идни примери. Оваа активирација на социјалните мрежи се покажа како вистински потег, бидејќи сега знаеме дека и младите ја делат свеста за вредноста на културните институции и националните манифестации”, порачуваат од компанијата Carnex.