Home » Во фокусот » Тел Авив постави т.н.“зомби семафори“ на печашките премини

Тел Авив постави т.н.“зомби семафори“ на печашките премини

Паметните телефони се инкорпорирани во глобалната култура, а препознавањето на потенцијалот кои го поседуваат за одвлекување на вниманието и повредите кои се последица на тоа, се постојана грижа на јавните органи.

Извор: New York Post

Нашите погледи често се насочени надолу кон телефоните додека се движиме, што не е добро на било кој начин. Нашиот периферен вид постои со причина, затоа што со негова помош ние сме предупредени на време, така што можеме да избегнеме неповолни ситуации. Со цел да се ​​илустрира потенцијалот од опасност, една студија од 2012 година, истакна дека луѓето кои пишувале пораки додека се движат имале 60% поголема веројатност да скршнат од патот во однос на останатите.

Како што наведува Асошиетед прес (АП), загриженоста заради одвлекувањето на вниманието на паметните телефони во текот на движењето, ја поттикна владата во Тел Авив да започне пилот програма за подобрување на безбедноста.

Имено, специјализирани LED светла вградени на плочникот или т.н. “зомби семафори”, се поставени на еден пешачки премин на главната раскрсница на улицата Ибн Габриол (една од најпрометните градски сообраќајници) во централниот дел на Тел Авив во Израел, за да ги предупредат пешаците кои гледаат во своите мобилни телефони и да им сигнализираат кога е безбедно одат или кога е време да застанат.

Светлосните ленти кои се поставени на секој крај на пешачкиот премин, светат црвено кога пешаците треба да запрат, а зелено кога можат безбедно да се движат.

Томер Дрор, шеф на управување со сообраќајот во Тел Авив, смета дека т.н.”зомби семафори” ќе ги намалат сообраќајните несреќи меѓу возилата и “зафатените“ пешаци на пешачките премини. “Не можеме да ги присилиме да го тргнат погледот од паметните телефони на патот. Треба да пронајдеме начин да им го ставиме патот пред очи”, вели Дрор за АП.

Пилот програмата во моментов вклучува само еден пешачки премин во Тел Авив, но постои можност дека ќе се користи и на други премини врз основа на одговорот на заедницата и нејзиното влијание врз превенција на повреди. Холандија, Австралија и Сингапур веќе имаат слични системи кои вклучуваат светла на пешачките премини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365