Home » Во фокусот » Три земји чии што туристи трошат најмногу на годишни одмори!

Три земји чии што туристи трошат најмногу на годишни одмори!

Еве вест која треба да ги интересира македонските хотелиери, туристички оператори и други туристички работници.

Матка — кањон на реката Треска во близина на Скопје

Кинеските туристи изминатата година потрошиле најногу пари на своите патувања, вкупно над 258 милијарди американски долари што е за 5% повеќе во споредба со претходната (2016) година, така “оставајќи“ ги зад нив туристите од САД, кои лани потрошиле 135 милијарди долари. На третото место туристи кои најмногу трошат се Германците, со потрошувачка од 84 милијарди долари. – oва го велат податоците на светската туристичка организација – UNWTO.

Од UNWTO го издвојуваат и порастот во потрошувачката на руските туристи во светот изминатата година, со дури седум милијарди долари или за 13% повеќе од годината претходно, со што повторно влегоа во топ 10 листата по туристичко трошење.

“Пазарите во подем имаат клучна улога во развојот на туризмот – па оттаму сме многу задоволни што можеме да го видиме враќањето на Русија и Бразил, како и континуираниот пораст на Индија во потрошувачката во светскиот туризам. Пазарите во пораст придонесуваат кон растот и диверзификацијата на пазарите во многу дестинации“ – порачува главниот секретар на UNWTO, Зураб Пололикашвили.

Поглед на Преспанско езеро од плажа во Претор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365