Home » Во фокусот » Твитер ќе овозможи огласување и преку видео

Твитер ќе овозможи огласување и преку видео

И Твитер исто како и Фејсбук воведува видео реклами !

На својот блог, компанијата вчера објави дека почнува со тестирање на спонзорирани видеа и дека наскоро ќе може да видите како разни компании ги промовираат своите производи, филмови и друго преку видеа.

video reklami na twitter

Најголемата социјална мрежа Facebook тестираше вакви видео реклами минатата година, а официјално ги воведе во употреба пред околу пет месеци. Таму 15-секундните видеа автоматски се пуштаат без звук, кога ќе ви се појават на News Feed, а откако ќе ги кликнете се зголемува прозорчето и се вклучува звукот.

Видеото рекламите на Twitter ќе бидat поставени под твитот со сино копче „play“, кое доколку го кликнете ќе започне видеото – што значи дека нема автоматски да се вклучи додека ги читате твитови.

Според објавата, Twitter ќе им наплаќа на компаниите кои ќе се рекламираат на овој начин од преглед на видео, односно ќе им биде наплатено за секој корисник што ќе го кликне и пушти видеото.

Извор: Кајгана

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365