Home » Digital » Твитер воведува нови правила за политичко огласување

Твитер воведува нови правила за политичко огласување

Твитер најави мерки кои би требало да обезбедат поголема транспарентност во врска со политичкото огласување на оваа социјална мрежа

Компанијата има намера да усвои построга политика во поглед на рекламната содржина, да ја подобри постоечката контрола и да отвори центар кој ќе ги снима информациите за огласувачите и пораките на спонзорираните содржини, наведе на својот блог Брус Фалк, еден од менаџерите на Твитер.

Бараме од огласувачите јасно да ги идентификуваат своите огласи“ напиша Фалк, додавајќи дека оние со политичка содржина мораат јасно да имаат наведено дека е во прашање таков оглас.

Овие мерки на технолошките гиганти ги превземаат после реагирањето за мешање на Русија во текот на американската претседателска кампања во 2016 година. Фејсбук, Твитер и Гугл на своите сајтови пронајдоа содржина која е наводно финансирана од руските интересни кругови во текот на кампањата.

Американските сенатори минатата недела предложија на социјалните мрежи да се воведат правила за транспарентност кои важат за талевизиските канали.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365