Home » Во фокусот » „Ви доставуваме… една минута за себе“ – нова кампања на McDonald’s и UberEats

„Ви доставуваме… една минута за себе“ – нова кампања на McDonald’s и UberEats

Новата кампања од McDonald’s UK и UberEats се осврнува врз вистинските причини зошто нарачуваме храна, прикажувајќи ситуации во кои сервисот за достава на брендот за брза храна го „спасува денот“.

Еден од спотовите во кампањата прикажува млад татко кој ги поканил другарчињата на своите деца заедно да играат во неговиот дом. Децата почнуваат да трчаат насекаде, создавајќи една хаотична атмосфера, при што и самиот татко мора да им се приклучи во нивните игри. Единствениот момент на мир го добива кога ќе пристигне храната која ја нарачал преку сервисот за достава на McDonald’s и UberEats.

Друг спот прикажува млад пар кој, поради нивните работни смени, има заеднички момент само кога влегуваат, односно излегуваат од дома. Конечно, жената нарачува храна и тие имаат брз, своевидно романтичен оброк.

Кампањата е дело на агенцијата Leo Burnett, режисер е Тони Бери од продукцијата Knucklehead, а музиката е дело на Finger Music.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365