Home » Во фокусот » Видео игра која ги прикажува сите опасности од зависноста од цигари

Видео игра која ги прикажува сите опасности од зависноста од цигари

Агенцијата FCB Њујорк и американска здравствена организација (FDA), со помош на иницијативата IPG ги прикажаа сите опасности кои ги создава зависноста од цигари, во нова видео игра за платформата “The Real Cost“, достапна на Xbox.

Со цел што е можно поблиску да им се прикажат последиците од пушењето на тинејџерите, платформата “The Real Cost” лансираше видео игра наречена “Еден излегува.” Играта е бесплатна за преземање и го става играчите во застрашувачки атмосфера на пеколен лавиринт од кој навидум нема излез. Овој лавиринт го симболизира патот на зависност со кој се соочуваат тинејџерите зависни од тутунот. Од училиште, преку болница, па се` до пеколот.

Како што покажуваат истражувањата, на секои четири тинејџери кои пушат цигари во средно училиште, три од нив продолжуваат да пушат и во подоцнежните години од животот. Ова значи дека од четворица од оние кои се во овој магичен лавиринт на зависност, само “еден излегува”.

Со цел подобро да се промовира играта, агенцијата FCB Њујорк се поврза со многу познатиот инфлуенсер во светот на гејмингот, Тајлер Блевинс, како и наградуваниот режисер Дарен Аронофски, кој помогна во изработката на трејлерот и дигиталните содржини во манир на современите, популарни хорор филмови .

Деталите за кампањата, како и самата игра, можете да ја погледнете на OneLeaves.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365