Во Милано е отворен првиот Старбакс ресторан, а редот за првото кафе од ваков вид во Италија бил долг и до 300 метри.
Starbucks Reserve Roastery, кој претставува нов формат на кафулле, бар и продавница, се протега на 2.000 квадратни метри и има 300 вработени. Старбакс во Милано е еден од трите Reserve Roasteries во светот, додека другите се отворени во Шангај и Сиетл. Оваа компанија планира да отвори и во Њујорк, Токио и Чикаго.
Оваа компанија вели дека овој нов концепт е привлечен за гостите, а истражувањата покажуваат тие поминуваат четири пати повеќе време отколку во обичните објекти.
Италија е позната како светска лулка на кафето, а отворањето на овој американски синџир е авангарден и амбициозен обид на „Старбакс” да влезе на пазарот на кафе во татковината на еспресото.
Starbucks Opens Its First Store in Italy
Starbucks just opened its first store in Italy — and it’s huge
Gepostet von NowThis Money am Freitag, 7. September 2018