Новото истражување на PageFair и Adobe открива дека софтверите за блокирање на реклами, оваа година, ќе ги чинат веб сајтовите изгубен профит од 21 милијарда американски долари, а ова бројка се очекува да се зголеми во 2016.
На светско ниво, бројот на луѓе кои користат софтвер за блокирање на реклами пораснал дури на 198 милиони активни корисници месечно.
Според бројките на Page Fair и Adobe, во Македонија само 7% од интернет сурферите користат Ad-blocking софтвер, многу помалку отколку на пример Грција каде тој процент изнесува дури 37% од активните интернет сурфери.
Во другите околни земји, ситуацијата е следна: Србија – 13% , Бугарија – 16%, Албанија – 6%, Хрватска – 19% и Црна Гора – 7%.
Видливоста на интернет огласите опаѓа на светско ниво
Компанијата Integral Ad Science која во својот квартален извештај Media Quality, анализираше стотина милиони прикази на огласи кои одат преку нивната огласувачка мрежа, утврди дека степенот на видливост на интернет огласите на годишно ниво опаднал за 5% и така од 49,4% паднал на 44 %.
Степенот на видливост на огласите, кои доаѓаат непосредно од издавачите на интернет медиумите од 55,5% се намалил на 50,1%, додека пак видливоста на огласите од мрежите опаднала од 45% на 39,9%.
“Намалувањето на стапките на видливост на огласите на годишно ниво зборува дека на тоа поле мораме да поработиме уште многу“, вели Scot Knoll директор на компанијата Ad Science.
Помалце измами со интернет огласите
Истражувањето дава позитивни резултати кога во прашање се измамите поврзани со интернет огласите, бидејќи степенот на огласи на кои не кликаат корисници, туку компјутерски роботи, од 14,1% на сите интернет огласи, се намалил на 11,2%.
Овие проценти се разликуваат и според изворот на огласите. Кај издавачите кои имаат моќ да контролираат кои огласи ќе се појавуваат на нивните интернет сајтови, стапката на огласни измами е само 3,7%.