Home » Компании » „Вози право, вози здраво“ Vol.4

„Вози право, вози здраво“ Vol.4

Со гордост го најавуваме четвртото издание на веќе добро познатата ревијална трка #ВозиПравоВозиЗдраво по улиците на Скопје со која сите, како заедница, дејствуваме за подигнување на свеста за користење на алтернативни форми на транспорт.

Возењето велосипед, тротинет, ролерки, скутери, скироли не загадува туку помага во намалување на сообраќајниот метеж, помага во заштитата на животната средина а притоа е и многу забавно и здраво.

Затоа, подгответе си ги ролерките, стегнете ги велосипедите, качете се на тротитентите или скејтовите а можете дури и со вашите колички со бебиња и придружете ни се накратко да го ослободиме центарот на Скопје од автомобили и да се возиме по широките улици заедно.

И оваа година, со секој извозен метар, Стопанска банка АД – Скопје ќе донира средства за нова урбана опрема за Град Скопје за поттикнување на користење велосипеди како транспортни средства. Многу наскоро ќе го дополниме со содржни нашиот СТБ Детски Велодром и ќе се подготви терен, заедно со Град Скопје за изградба на нов урбан Велодром со повеќе предизвици и содржини.

„Вози право, вози здраво“ vol. 4 во својата пролетна шема ќе понуди многу интеракција, забава и содржини на целта во Градскиот парк за сите гости и учесници. Ревијалната трка е предвидено да почне во 11 часот од Порта Македонија, каде учесниците може да си ги подигнат бројчињата пред трката на пултовите веќе од 10 часот. Во меѓувреме, бројчињата може да се подигнуваат и од i-bank store филијалата на Банката од 9 – 18 часот од понеделник до петок.

На ревијалната трка учество повторно може да земат сите наши сограѓани кои ќе се регистрираат во една од категориите: велосипеди, детска трка, ролерки/тротинет/скирол и други тркала или родители со бебе количка. Линкот за регистрација е веќе во функција https://apply.stb.com.mk/vozipravovozizdravo и пријавени се над 3000 учесници што е показател дека оваа година ќе имаме рекорден број учесници.

На целта во Градски парк, ќе биде поставена бина и повеќе позиции кои на посетителите ќе им понудат бројни забавни содржини, игри, подароци, предизвици и вредна лотарија. Банката и соработниците ќе обезбедат и освежување за учесниците а секако, за сите учесници ќе бидат обезбедени репрезентативни материјали. Како и досега, редните броеви на учесниците ќе бидат дел од извлекувањето на вредната лотарија со: Specialized Велосипеди, 5х GoPro камери, FitBit алки, 5х MICRO тротинети и друга спортска опрема.

Стопанска банка АД – Скопје преку своите алтернативни канали, иновативни услуги и производи, директно влијае врз заштитата на животната средина, меѓутоа ја користи и својата распространетост и релевантност да застапува една значајна тема како што се овие алтернативи на транспорт во густо населените урбани средини кои не загадуваат а воедно и помагаат за здравиот живот на корисниците.

Во тој контекст, пред сите филијали на Банката се поставени паркинзи за велосипеди, нашите вработените се почесто ги користат велосипедите како начин за пристигнување на работа, граѓаните на Град Скопје веќе втора година активно го користат СТБ Детскиот велодром, имаат на располагање 5 модерни станици за поправка на велосипеди и поставени се 105 паркинг позиции на локации договорени со активистите кои се борат Скопје да прерасне во велосипедски град а во подготовка се и новите активности.

Се надеваме на уште едно одлично издание на „Вози право, вози здраво“ и ја повикуваме јавноста за учество и поддршка на настанот.

Ве известуваме и дека, за максимална заштита на учесниците, согласно законските прописи во недела, на 03.06.2018 ќе биде воспоставен и посебен сообраќаен режим долж патеката за ревијалната трка во центарот на Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365