Home » Во фокусот » Wave 8 : Потрошувачите се врзуваат со брендовите кои ги задоволуваат нивните основни потреби

Wave 8 : Потрошувачите се врзуваат со брендовите кои ги задоволуваат нивните основни потреби

Брендовите треба подобро да ги разбираат социјалните мрежи и нивното користење од страна на денешните потрошувачи бидејќи само преку разбирање на потребите и амбициите на потрошувачите и овозможувањето содржина која станува општествен продукт, брендот може да изгради цврсти и вредни односи со конзументите.

Агенцијата Универзал Медиа ги објави резултатите од најновото истражување на навиките, потребите и однесувањето на корисниците на социјалните мрежи под наслов : “Wave 8 : Јазикот на содржината“ (The language of content). Ова осмо по ред глобално истражување е спроведено во 65 земји, меѓу кои покрај Македонија учествуваа и земјите од опкружувањето: Хрватска, БиХ и Србија, што овозможува споредување на резултатите добиени во Македонија со земјите од целиот свет, но и споредба со земјите од регионот. (резултатите за Македонија ќе ги објавиме на крајот од неделава)

Инаку, нашата земја по трет пат учествува во Wave истражувањата кои имаат за цел да утврдат зошто потрошувачите на социјалните мрежи споделуваат определени содржини а зошто некои не го прават тоа – што секако е од клучно значење за успешна комуникација на брендовите.

Податоците се прибрани од преку 50 илјади активни корисници на интернет (кои користат интернет секој ден или секој втор ден) на возраст од 16 до 54 години, што претставува репрезентативна слика на потребите, погледите и однесувањето на преку милијарда корисници на социјалните мрежи во светот.

wave 1

Мнозинството од нив како своја најчеста активност на интернет ја наведуваат гледањето на видео содржини, посетувањето на различни сајтови, како и посетувањето профили на своите пријатели и уредување на своите профили на социјалните мрежи.

После осум години на истражувања, можеме да заклучиме дека постојат само пет основни човечки потреби кога зборуваме за употребата на интернетот. Денешните корисници на светската мрежа пред се интернетот го користат за учење, градење односи, забава, напредок и признание“, вели Глен Паркер, автор на извештајот.

Потрошувачите пред се, се поврзуваат со брендовите кои ги задоволуваат овие нивни основни потреби. Меѓутоа, основните потреби на корисниците на интернет варираат во различни категории на испитаници,нешто за што мораат грижливо да внимаваат брендовите во моментите кога планираат и реализираат нови кампањи.
Додека во европските земји испитаниците на социјалните мрежи пред се ги гледаат соц. мрежи како можност за унапредување на друштвените односи, во остатокот на светот, првенствено ги гледаат како средство за забава и релаксација.

Така на пример, конзументите во Индија (88 одсто) или Мексико (85 одсто) најчесто споделуваат интересни содржини за производите и услугите. Од друга страна тоа го прават само 60% од конзументите во Велика Британија, кои пред се се водат од љубопитноста и најмногу вреднуваат кога брендот зборува нешто ново или неочекувано.

Достапноста на портабал уредите (таблети, лап топи, смартфони) и Wi-Fi мрежите за последица има тоа што повеќето корисници најголем дел од своето време се online. Неможноста за пристап до интернет ги прави СТРЕСНИ дури 57% од испитаниците на глобално ниво.

Wave 2

Социјалните мрежи фундаментално ги поместија амбициите на една цела генерација“ истакнува Паркет и додава: “Позитивната реакција на другите на она што го зборуваме или го правиме online, и нас не прави среќни, а тоа е случај и кога споделуваме содржина. Брендовите на ова одговараат така што на помладите потрошувачи им нудат содржина која го крева нивното его и им помага да остварат лични цели

Емотивно се врзуваме и споделуваме со другите корисници. Споделувањето содржина стана вообичаен начин на секојдневна комуникација на светската мрежа. Во годината во која зборот “СЕЛФИ“ си најде свое место во Оксфордскиот речник, дури 45% од испитаниците велат дека ги делат своите фотографии на мрежата, што стана најчесто споделувана содржина. Споделувањето и коментирањето на нашите содржини не прави среќни (43% од испитаниците), а игнорирањето – нерасположени и несреќни (третина од испитаниците се несреќни доколку некој ги блокира на некоја социјална мрежа).

Wave 3

Се трудиме да бидеме препознаени и популарни во интернет заедницата, посебно младите и тоа дури 43% од испитаниците од 16 години, додека таа желба ја имаат само 15% од испитаниците над 54 години. Блогерите така станаа класичен модел за пример, за дури 46% од испитаниците.

wave 4

Приватноста на интернет и понатаму е главна вест. Wave 8 открива интересен факт околу желбата да станеме познати на мрежите и нашата потреба да ја зачуваме анонимноста.

Загриженоста за приватноста на мрежата постепено расте. Пред пет години, 61% од активните интернет корисници беа загрижени за изнесувањето на свои лични податоци на мрежата. Денеска, после скандалите за прислушување и следење на нашите активности на интернет од страна на државните служби или хакирањето на приватни фотографии кои се наоѓаат на iCloud тој страв го делат дури 2/3 од испитаниците. Меѓутоа, нашата желба за приватност е различна. 58% се сложуваат дека би сакале да останат анонимни во се што прават на интернет, но парадоксално дури 47% од нив (од тие кои сакаат да останат анонимни) велат дека би сакале да бидат познати на мрежата. Според Паркер, ова покажува “алармантен недостаток на разбирање на тоа како сајтовите ги собираат личните податоци.“

Врската помеѓу online просторот и способноста да ги задоволиме нашите амбиции стана исклучително поврзана. Глобално, 20% од луѓето мислат дека социјалните мрежи се добро место за развој на бизнис. Така, социјалните мрежи станаа најдобро место да се стекнат бизнис контакти, да се изгради кариера и да се запознаат нови луѓе.

Воочена е и значајна промена кај мобилните телефони, и тоа смартфоните, кои станаа по-потребни од десктоп компјутерите. Многу испитаници на прво место ја ставаат достапноста на Wi-Fi мрежа и полна батерија. Во склоп на овогодишното истражување, важноста на човековата потреба за поврзување во комбинација со растот на употребата на паметни телефони открива интересен увид во однесувањето на потрошувачите.

По ПРВ пат во осум години на Wave истражувања, смартфонот сега има најголем продор од било кој друг уред (дупло повеќе отколку пред 2 години). Така, смартфоните ги заменуваат лап-топ компјутерите, таблетите, или вообичаените мобилни телефони како ВООБИЧАЕН уред за пристап на социјалните мрежи.

Употребата на смарт телефони, споделувањето содржина и потрошувачката потреба го променија начинот на кој комуницираме. Појавите како полевање со кофа со ладна вода :) покажуваат дека кога корисниците сакаат да стекнат почит, тоа го прават преку совршена комбинација на социјални и мобилни технологии“, заклучува Паркер.

Брендовите треба подобро да ги разбираат социјалните мрежи и нивното користење од страна на потрошувачите. Самото разбирање на потребите и амбициите на потрошувачите и овозможувањето на содржина која станува општо корисна, брендот може да изгради сврсти и вредни односи со конзументите. Токму затоа Wave 8 е корисна алатка која помага во креирањето на комуникациски стратегии за брендовите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365