Home » Digital » YouTube ја отстрани рекламата за еден од најстрашните филмови во 2018 година

YouTube ја отстрани рекламата за еден од најстрашните филмови во 2018 година

Хорор филмот „The Nun“ некои веќе го прогласија за најстрашниот филм за 2018 година, а како што се ближи датумот на почетокот на прикажување во кино салите, така и авторите одлучија да ја засилат промоцијата преку реклами на Youtube

А успеа да ги исплаши корисниците на социјалните мрежи – и тоа добро. Мини рекламата на YouTube трае пет секунди, (со цел да не можете да ја прескокнете со опцијата „skip ad“, која е темпирана да трае пет секунди) па за оние кои ја виделе, им приреди хорор каков што веројатно не е ниту самиот филм.

Рекламата започнува со предупредување за гледачите да го намалат звукот на компјутерот, а потоа во дел од секундата се појавуваат сцени од филмот, придружени со страшни крикови и удари.

И тоа би бидо во ред доколку рекламата им се појавува само на оние гледачи кои се заинтересирани во хорор филмови или кои на YouTube гледаат снимки со слична содржина, но се чини дека оваа реклама се појавувала и пред некои сосема различни содржини и практично тероризирала невини корисници на YouTube.

– ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Ако на YouTube видите реклама со знак за да го намалите звукот и ништо друго, тоа е „jump scare“ за новиот хорор филмот „The Nun“. Ви препорачувам да го свртите погледот и да го намалите звукот, ако имате анксиозност или лесно се плашите. Споделете за спасување на животи “, објави еден твитерџија, а неговото предупредување беше споделено повеќе од 100.000 пати.

Работата отиде толку далеку што реагираше и YouTube, па после предупредувачкиот твит, ја отстранија контроверзната реклама.

Ова не е прв пат луѓето да се жалат дека YouTube ја преминале границата на реклами пред видеата, а слична ситуација се случи и со рекламите за филмот „Slender Man“. Доколку во иднина не сакате да гледате вакви страшни реклами на YouTube, едноставно оневозможете ја категоријата хорори во поставките за огласи на YouTube.

Инаку, „The Nun“ е спин-оф на ужасниот хорор “The Conjuring“.

– Кога младата калуѓерка во Романија се самоубива, Ватикан испраќа свештеник со мрачно минато и научник да се испита нејзината смрт – се вели во описот на хорор филмот кој пристигнува во кината во септември.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365