Home » Digital » YouTube ќе го гарантира кредибилитетот на видеата со додавање на линкови до Wikipedia

YouTube ќе го гарантира кредибилитетот на видеата со додавање на линкови до Wikipedia

Најпопуларната платформа за споделување видео содржини YouTube е една од најактивните во борбата против лажни вести и навредливи содржини на Интернет. Видео сервисот има голем тим на луѓе и бројни компјутерски алгоритми за откривање на несоодветни видеа и автоматски го блокира пристапот до нив, но сепак никој не е сигурен дека нема да наиде на содржина која нема да сака да ја види.

YouTube, во иднина ќе се „бори“ против дезинформациите така што ќе понуди информации обезбедени од виртуелната енциклопедија Википедија. Па така, покрај секој сомнителен видео клип, ќе се појави „официјалната верзија“ на настанот за чија вистинитост гарантира Википедија. Информациите ќе бидат овозможени во вид на облаче кое ќе се појави под видеото.

Првиот човек на YouTube, Сузан Војчички, сподели повеќе информации во врска со новата пракса, наведувајќи дека пред се`иновацијата ќе се појави на видеа кои се однесуваат на поткрепа на т.н. “теории назаговор“ и ќе има за цел да понуди алтернативна информација дури и за теми за кои владеат поделени мислења.

Според YouTube, бројот на видеа кои покажуваат видеа поврзани со слични теми на Интернет се зголемува и во некои случаи надминува стотици илјади прегледи. Интеграцијата на линкот до Wikipedia е само една од алатките, со кои Google ќе се бори по ова прашање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365