Home » Во фокусот » За мажи, не за момчиња. За жени, не за девојки !

За мажи, не за момчиња. За жени, не за девојки !

Агенцијата “McCann Белград” веќе седум години со големо задоволство ги работи кампањите за култниот бренд “Schweppes” и тоа не само за пазарот на Србија, туку и во поширокиот регион. После успешните спотови “Шефица“ и “Венчавка“, оваа пролет пред нас е целосно нова кампања.

Комуникацијата е базирана на платформата “За мажи, не за момчиња“ односно “За жени, не за девојки“ која е оригинално развиена во Јужна Америка.

“За нас, ова беше еден од најбрзите и најквалитетните одговори на спонтан бриф. Во се што заедно работиме за Швепс се осеќа љубов на агенцијата спрема брендот, а овие креативни решенија се одличен пример на добра и јака врска која агенцискиот тим ја има со нашиот бренд“, изјави Sonia Micu, Senior Brand Manager Adults за Централна и Јужна Европа во компанијата Кока-Кола.

 Задача на агенцијата беше да на зададената креативна идеја се направи серијал на интригантни ТВ спотови. Така настанаа четири интересни мини-приказни кои ќе се емитуваат во 23 земји ширум Европа. На нашите ТВ станици во моментов се актуелни спотовите “Војници“ и “Дете“.

 Предизвик е да се направи нешто оригинално на веќе зададена креативна порака која е развиена на потполно друг пазар. Целта беше да најдеме интересни, едноставни микро-драмски ситуации кои ќе го доловат духот на Швепс. Најтешко, но и најинспиративно беше трагањето по ситуации и пораки кои од една страна се провокативни и помалку дрски, но од друга страна секогаш ја задржуваат софистицираноста и елеганцијата која е својствена за овој бренд “, рече Дубравка Петровиќ, Senior Copywriter во агенцијата McCann Белград.

Кампањата ја дополнуваат адаптирани огласи и билборди со провокативни, локално развиени пораки. Спотовите ги режираше Џорџе Јовановиќ, а продукцијата ја работеше продукциската куќа “Le Spot“.

Тим:

 Креативци: Dubravka Petrović, Lidija Milovanović i Ana Rodić

Креативен Директор: Vladimir Ćosić

Стратешки планер: Katarina Jovanović

Account: Jelena Mihajlović

Режисер: Đorđe Jovanović

Продукција: LeSpot

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365