battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » За мене едно ХАЈДУК млеко, јогурт и сирење !

За мене едно ХАЈДУК млеко, јогурт и сирење !

Благодарение на Пословни.хр, вчера попладнето имав можност да прочитам една многу интересна вест за соработка која на прв поглед изгледа помалце невообичаено, но според мене е исклучително корисна,соработка помеѓу фудбалски клуб и млекара !

Станува збор за договорот помѓу Фудбалскиот клуб Хајдук од Сплит и млекарата Милс од Сплит кои претставија палета млечни производи кои ќе бидат пласирани на пазарот на почетокот од Февруари 2014 год. а кои ќе бидат ко-брендирани и ќе го носат името на прославениот фудбалски клуб.

Се очекува дека оваа локална соработка ќе успее полесно  да го трасира патот на Милс млечните производи до кујната на сите Хајдукови навивачи и со тоа, ова поврзување на брендовите, да донесе прилично зголемување на приходите на двете страни.

Иако не е прв пат производи од широката потрошувачка тесно да се врзуваат со некој спортски бренд и “пластично“ да ја комерцијализираат емоционалната поврзаност на широка група луѓе со некој спортски клуб, секако дека оваа иницијатива ќе биде под будното око на регионалните маркетери кои со нетрпение ќе ги очекуваат следните финансиски резултати на ФК Хајдук и млекарата Милс.

Ако ова биде успешно, немојте да Ве чуди ако и во Скопје чуете: “За мене едно Хајдук млеко, јогур и сирење“

Хајдук млеко, јогурт и сирење

 

 

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365