battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » Бикини рекламата со Памела Андерсон – забранета !

Бикини рекламата со Памела Андерсон – забранета !

Во Велика Британија си имаат тело кое се занимава со тоа како изгледаат рекламите кои смеат да се емитуваат на мас медиумите, со посебен акцент на телевизијата.

Една таква, според нив too sexsy ТВ реклама во која своја “бикини“ улога има популарната плејбој зајачица Памела Андерсон, од вчера е банирана.

Образложението на ова тело (UK’s Advertising Standards Authority) е дека рекламата е премногу сексистичка и го навредува интегритетот на деловната жена.

zabraneta reklama so Pamela Anderson vo UK - Marketing365

 

Забраната, како што можете да видите од ЛИНКОВ, е по пријава од 4 гледачи кои се навредиле од неа :)

Иначе, рекламата е дело на агенцијата Space City Productions а е направена за сметка на австралискиот клиент Dreamscape Networks Ltd.

Да не беше оваа забранета (читај: да не беше Памела Андерсон забранета) којзнае дали некогаш ќе чуевме за оваа агенција и оваа компанија. Но еве, денеска за нив пишуваме и тука во Македонија :)

Муабетот е, што мислите дали има можност сето ова да е фино наместено и поштено подмачкано…или навистина се нашле 4-ца “совесни“ гледачи на кои им засметала голотијата ?

А да… рекламата :) Уживајте !

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Marketing365 Marketing365 Marketing365