Home » Во фокусот » Заменувајќи ги телата со овошје, оваа кампања одлично ја пренесува својата порака

Заменувајќи ги телата со овошје, оваа кампања одлично ја пренесува својата порака

Во кампањата за новата линија на хулахопки со величини од 4 до 24, британскиот производител Heist одлучи да го замени човечкото тело со разно овошје

Зошто го направија тоа? Агенцијата Rapp UK која ја направи кампањата за Heist сакаше да направи исклучок од вообичаените шаблони и клишеа во оваа категорија. Од друга страна, Heist сакаше да започне да зборува за работите кои ги иритираат оние кои носат хулахопки, како што се чешање и лизгање. Со цел да осигураат видливост и да покажат дека отскокнуваат од другите, одлучија целосно да ги изменат правилата во оваа категорија на производи.

Истражувањето на целната група на Heist открило дека им е здосадено од огласувањето кое претставува многу едноличен поглед на женската убавина и реклами кои се обично снимени со отворени сексуални тонови. Поради тоа, оваа кампања ги замени женските секси тела со разни овошја и користи карактеристични поединечни овошја за да пренесе одредена порака.

OOH компонента на кампањата се спроведува на прометните места во Лондон, а ќе биде поддржана и со платени постови и реклами на Фејсбук и Инстаграм.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365